Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Охрабрен сум од некои реакции во јавноста на медиумските отрови што ги испушта раширенот шупак на вмро, но тоа освестување не ги минува праговите на другарската критика и самокритика.
Агресијата врз Македонија и врз македонското општество е како слон кој критиките кон него може да ги поднесе како убод на комарец.
Александар Коире би рекол дека македонскиот меур мора да набабри пред да се распрсне.
И набабрува.
Јас велам дека ни фалат само уште неколку вморонски прдежи.
На добар пат сме.
Еве како тоа изгледа низ една филозофска и културолошка анализа на Слотердијк.
Вистината за сè што се појавува во надворешниот свет може да се сознае само со помош на иницијалниот страв од просторот. Тој страв воспоставува мост меѓу архајскиот свет и модерната, затоа што сведочи за целосно неапсорбираниот вишок екстаза предизвикан од згриженоста.
Македонците, на пример, никогаш не стигнаа да го впијат вишокот екстаза од своето формирање и постоење.
Тие мислеа дека за апсорпција на екстазата го имаат сето време односно дека тоа што го освоија и добија е за секогаш.
Тие мислеа дека со Македонија се во некаков тантричен секс или на богата трпеза на која Македонија им е сервирана како печена мисирка.
Во милениумскиот модел.
Имаме вишок екстаза со која не знаеме што да правиме. Па ја насочуваме против себе.
Инаку, ако е тој вишок теориски плодотворен се отвора поле за навистина модерно мислење.
Што кај нас не е случај.
Обратно, ние регресираме во некаква форма на племенско резонирање.
Нашите градови се обновување на пештерите со други средства (Ханс Блуменберг).
Сè што се прави од страна на вмро и медиумските митралески и мирчевски гнезда на злото, се прави за да се постигне возбуда кај народот.
Никаква вистина, уште помалку само вистина, никакви проекции што не се содржани во општиот поим на деструкцијата.
Навикнувањето на возбуда, според Слотердијк, создава зависност кај масите од насилство и стимулации за тоа, а за отстранување на овие деформации се потребни културнореволуциски разбивања на целокупната парадигма.
Јасно ли е ова?
Македонците се навлечени на возбуда и забава од која ќе можат да се ослободат дури низ неколку генерации, односно за пет илјади години, кога од Македонците ќе остане само Тричковски.
Тоа ги надминува сите промени на власта и сите очекувања на инфантилизираната јавност која цело време, мислејќи дека работи против власта, работи против себе.
Кај забавните масакри во Рим бил воведен стандард на подбуцнување на масите кој повеќе не можел иманентно да биде ублажен или сублимиран туку само укинат со радикален прекин на постојниот систем на вентилација на афектите.
Така мора да биде во Македонија.
Никакви осуди, соопштенија и комисии кои ја репродуцираат катастрофата.
Радикален прекин на системот.
Мораме да се соочиме со себе.
И со својата смрт што нè чека зад првиот агол.
Ако на масата за дебата во Алфа или Канал фајф, Мицковски се исере и со прст покаже: еве, господа, вака изгледаат резултатите од владеењето на сдсм и дуи, мнозинството оглупавени ќе доживеат оргазам, а ако водителката случајно му рече на Мицко дека тоа нема смисла и ако тој ја нокаутира, на плоштадот ќе се соберат пет милиони Македонци, понеже и мртвите ќе станат да го искажат своето воодушевување.
Нападите врз насилството, морализирањето и осудите, не само што не вршат работа против насилството туку го осилуваат и го претставуваат како нешто моќно.
Такви се стандардите и таква е атмосферата.
Нормалноста е инфериорна, насилството е пат кон добар статус.
Мораме да бидеме, не фини, туку да им покажеме дека тоа не е така и така нема да биде.
Не можеме да чекаме еволуцијата тоа да го промени.
Власта мисли дека резултатите се доволни во комуникацијата со јавноста, но тоа не е така.
Нема сомневање дека масовната култура влече потекло од забавните ексцеси во римските театри заедно со нив се појавува и раната комплетна форма на индустријата на фасцинацијата, форма која раздразените или декадентни општества ги снабдува со возбуда и ги поврзува во фасцинацијата. Античкиот фашизам на забава (неговата последна директна гранка е шпанската корида), антиципира, во функционална смисла, многубројни белези на современата контрола над масите со помош на медиумите за возбудување. Во двата случаја масовната култура го присилува човекот да биде гледач: нејзиниот елемент е општествена синтеза со помош и со фасцинацијата со насилството.
Мораме да им покажеме на луѓето дека насилството, само на прв поглед или физички, е насилство врз некој таму друг, односно дека тоа е насилство врз себе.