Младиот пливач Никола Ѓуретановиќ член на ПК Вардар 2018, на Немо Купот 2023, во органзација на пливачкиот клуб Делфин, викендов собори два кадетски рекорди кои досега беа во „сопственост“ на Александар Маленко.
Како што објавија од пливачкиот клуб Вардар 2018, Ѓуретановиќ постави нов рекорд во категорија 400 м. слободно во кадети со време 3:59:30. Стариот рекорд беше во сопственост на Александар Маленко со време 4:01:44.
Нов рекорд Ѓуретановиќ постави и во категорија 200 м. мешано во кадети со време 2:07:56. Стариот рекорд исто така беше во сопственост на Александар Маленко со време 2:10:12.
ПК ВАРДАР 2018 настапи на Немо Куп 2023 со 54 пливачи.
Ј. Ѓ.