„Датумот за избори го диктира Уставот, уставните одредби и изборниот законик. Се прават консултации и во наредниот период, задолжена е и работна група, која ќе комуницира со останатите политички партии за да се изнајдат датуми за избори кои ќе бидат најпогодни и за граѓаните и за општеството и сите политички чинители кои ќе учествуваат на тие избори,“ истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска во Дневникот на Сител ТВ.
Во врска со одржувањето на претседателските и парламентарните избори, министерката Петровска истакна дека се работи за два изборни процеси кои треба да се одржат во различни временски периоди.
„Демократијата и она што треба граѓаните да го изразат на фер и демократски избори нема цена. Ние го застапуваме ставот дека треба да бидат два одвоени изборни циклуси, затоа што се и различен вид на изборни процеси. Во едниот циклус избираме Претседател на државата, а во другиот Парламент и избираме Влада. Треба да се даде легитимитет на двата изборни циклуси,“ истакна Петровска.
Таа се осврна на моментот дека престои период кога треба да се донесат многу важни одлуки за државата кои се од стратешко значење.