ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Продолжение на комисиската расправа за избор на член на Уставниот суд

November 7, 2023 09:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата  денеска треба да ја  продолжи седницата за Предлогот за избор на судија на Уставниот суд.

Седницата на Комисијата вчера беше прекината на барање на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески  кој во процедурална забелешка оцени дека претседателката Марија Георгиевска ја свикала неделовнички. Мицески наведе дека поканата ја добиле во петокот но не им биле доставени материјали за точката од дневниот ред, иако деловнички така требало да постапува Георгиевска.

Тој ја праша Георгиевски во што е итноста во оваа точка, кога, како што рече, Уставен суд не е комплетиран повеќе од година дена.

-Во ситуација кога ништо не функционира во државата, зошто вие како претседател на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата преземате обврска која не е ваша? А тоа е неделовнички да свикувате седници. Во членот 7 од Деловникот на оваа Комисија се вели „седница на Комисијата  се свикува по писмен пат, со покана за свикување на седници“. Став 2 од членот 7 вели „покана за седницата на Комисијата со предлог на дневниот ред и материјали што ќе се разгледуваат на седницата, како и записникот од претходната седница им се доставуваат на членовите на Комисијата осум дена пред денот на одржувањето на седницата, рече пратеникот Мицевски, најавувајќи дека и нивната пратеничка група има предлози за кандидати за нов член на Уставен суд и за кои, како што рече, ќе бараат и ќе инсистираат овој пат да бидат ставени на гласање и да се разгледуваат сите предлози.

Според Георгиевска,  согласно Деловникот известени се членовите и замениците членови за одржувањето на Комисијата. Таа објасни  дека добила информација дека има Предлог за  утврдување предлог за избор на уставен судија за место кое што е испразнето и согласно тоа ја закажала седницата. Најави дека сите членови и заменици членови на Комисијата ќе им биде поделен материјалот.

Предлог за судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија од страна на партиите од власта е професорката на Правниот факултет Јадранка Дабовиќ.

Предлогот за нов уставен судија е поради испразнетото место на судијата Јован Јосифовски чиј мандат истече во јануари 2022 година.

Во Собранието е закажана и седница на Комисијата за економски прашања која треба да ги разгледа предложените дополнувања на Законот за минерални суровини, по скратена постапка.

Tags: Комисијаседницасудија
Next Post

ЕК побара информации од „АлиЕкспрес“ за интернет продажбите на лажни лекови

Shortcut

Најново

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk