Британскиот крал Чарлс денеска, во своето прво обраќање во британскиот Парламент по неговото стапување на тронот, изјави дека Лондон ќе ја поддржи Украина, ќе работи на зајакнување на НАТО, но и дека одговорните „ќе ги сносат последиците од варварскиот тероризам против народот на Израел“.
Кралот, кој служеше и во Кралската морнарица и во воздухопловните сили, и оддаде почит на својата мајка Елизабета за нејзината служба и посветеност на нацијата, објави Би-Би-Си.
„Моите министри ќе соработуваат тесно со меѓународните партнери за да ја поддржат Украина, да гo зајакнат НАТО сојузот и да ги решат најтешките безбедносни прашања. Во ова влегуваат и последиците од варварските терористички акти извршени врз израелскиот народ, потоа, обезбедувањето хуманитарна помош за Газа и поддршка и стабилност на Блискиот исток“, порача британскиот крал Чарлс.