ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Ослободи го умот: Клучни елементи на борбата против дезинформациите, пропагандата и хибридните закани во Северна Македонија“ со универзитетските професори Весна Попоска и Владимир Пивоваров. Настанот ќе се емитува на профилите на социјалните мрежи и видео канали на организацијата в четврток, 9 ноември во 12 часот.
„Ослободи го умот“ е проект за спротивставуавње на дезинформациите, пропагандата и хибридните закани преку мониторинг, медиумски активности и директна комуникација со граѓанките и граѓаните. Активностите вклучуваат тинк-тенк, медиумски и активистички елементи.
Главните цели на проектот се следење, анализа и разобличување на дезинформациите и пропагандата, како и известување и анализи на хибридните закани; да обезбеди релевантни информации и ставови, и да даде сеопфатен граѓански и медиумски одговор на дезинформациите и пропагандате, да ги отфрли нападите врз демократијата и стабилноста.
Целите на проектот се да се разобличат дезинформациите и пропаганда кои ја поткопуваат демократијата и ги злоупотребуваат надежите и стравовите на граѓанките и граѓаните поврзани со изборите, евроатлантските интеграции и други критични прашања, настани и процеси во Северна Македонија.
Понатаму, целите на овој проект се ублажување на исклучително штетните ефекти од пропагандата поврзани со руската агресија против Украина, ултранационализмот, ксенофобијата, и политиките на поларизација и насилство, преку ангажирање на граѓанките и граѓаните, медиумите и креаторите на јавното мислење – да ги препознаат и да преземат ефективни акции против дезинформациите и пропагандата.
ЦИВИЛ / Цивил Медиа
Овој проект беше финансиран преку грант од Амбасадата на САД. Мислењата, наодите и заклучоците или препораките изразени овде се на имплементаторите/авторите и не мора да ги одразуваат мислењата на Владата на САД.