Во Италија починаа уште две лица како последица на новиот корона вирус, со што бројот на жртви се зголеми на 14, додека 528 лица се заразени.
Шефот на италијанската служба за цивилна заштита Анџело Борели, напомена дека што се однесува на смртните случаи, во прашање се прелиминарни податоци, затоа шѕо се уште се чекаат конечни потврди за направените тестови.
Бројот на заразени се зголеми од вчерашните 420 на 528 и тоа поголемиот дел во северниот дел од Италија, пренесува Ројтерс.
Борели истакна дека добри вести доаѓаат од Ломбардија, регион најпогоден од корона вирусот, откако 37 лица оздравеле, наведува Анса.