ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Таткото на фудбалерот на Ливерпул Луис Дијаз, е ослободен по 13-дневно заложништво

November 9, 2023 20:57
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Таткото на фудбалерот на Ливерпул Луис Дијаз, е ослободен по 13-дневно заложништво од бунтовниците на левичарската колумбиска Национална ослободителна армија (ЕЛН), јавија вечерва локалните медиуми.

Непознати лица ги киднапираа родителите на Дијаз минатата сабота во родниот град на колумбискиот фудбалер, Баранкас. Неговата мајка набрзо беше ослободена од војската, но по неговиот татко се трагаше со денови.

Ангажирани беа бројни полициски и воени сили, а во потрагата беа користени моторизирани единици, беспилотни летала, хеликоптер и авион со специјализиран радар. Колумбиските власти објавија дека Луис Мануел Дијаз го киднапирале припадници на ЕЛН, последната герилска група, која и натаму е активна во Колумбија, барајќи притоа негово „моментално ослободување“.

„Таткото на ѕвездата на Ливерпул е ослободен и е на пат кон градот Валедупар, на североистокот на земјата, во хеликоптер на армиските сили. Неговото семејство веќе ја слави оваа вест“, објави колумбискиот весник „ЕЛ Темпо“.

Герилците на колумбиската ЕЛН го предале Луис Мануел Дијаз на хуманитарна комисија составена од Канцеларијата на народниот правобранител, свештеник и претставници на Обединетите нации и Црвениот крст.

„Националната војска и Обединетите нации го потврдија ослободувањето на Мануел“, додаде истиот извор.

Tags: ЛиверпулЛуис Дијаз
Next Post

Градска.мк: Градоначалникот на Кисела Вода покажа часовник, ама сега не тој од 8.000 евра

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Само Унгарија не поддржа соопштение на Делегацијата на ЕУ во Србија по повод годишнината од падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Сè што треба да знаете за времето на гласање и затворањето на местата

November 2, 2025

Во вториот круг се гласа за градоначалници во 32 општини и Градот Скопје

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk