„Кога излезе филмот „Убавите села убаво горат“ во 1996 година, тоа беше катарза. Катарза се случи во Србија. Одма започнаа да не напаѓаат овие десничарите дека сме предавници, но кога видоа колкава е гледаноста замолчија“ изјави актерот Драган Бјелогрлиќ во емисијата „Недела во 2“.
Тој додаде дека уметниците имаат обврска да зборуваат јавно и за општеството во кое живеат.
„Не мора да зборуваат за политика, но мора да зборуваат за општеството. Не се согласувам со колегите кои сметаат дека, бидејќи се уметници, не треба да се занимаваат со политиката и општеството“ рече Бјелогрлиќ.
Тој додаде дека тоа е обврска на секоја јавна личност, особено на уметниците и луѓето кои со своите дела се обидуваат да ги разбудат луѓето.