ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: На располагање ни се најсовремените дигитални алатки, од нас зависи дали ќе се вклучиме во големиот натпревар или ќе ја преспиеме оваа временска епоха

November 14, 2023 10:42
in TECH FRONT, ДЕНЕС

На располагање ни се најсовремените алатки на дигиталната ера. Пред нас е поле со огромен потенцијал за економски раст и развој. Од нас зависи дали ќе се вклучиме во големиот натпревар или ќе ја преспиеме оваа временска епоха која веќе го одредува развојот на секој национална економија, мала или голема, порача денеска претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на 6. Конференција за е-трговија.

Како што истакна Пендаровски, државата мора да вложува во современо, дигитално образование за да го надмине дигиталниот јаз во општеството.

Според него, вештачката интелгиенција станува клучен фактор за уште поголеми иновации во речиси секоја сфера. Таа ги менува опфатот, природата и структурата на производството, на потрошувачките навики и на  професиите. Вештачката интелигенција, напомена Пендаровски, веќе не е сведена само на агрегати за реклами, туку прераснува во р’бтен столб на малопродажбата.

Во однос на дигиталната трансфорамција, земјава се соочува со три предзивици. Првиот предизвик е фактот дека технолошките иновации често се побрзи од регулацијата и отвораат простор за различни злоупотреби, од дезинформации до сајбер криминал и сајбер напади. Поради страв од измами, дел од потрошувачите се уште со недоверба гледаат на онлајн трговијата. Вториот предизвик е ризикот од зголемување на невработеноста и социјалната нееднаквост особено поради дигиталниот јаз и ниското ниво на дигитална писменост. Третиот предзивик е демографски. Младата дигитална генерација има клулчна улога во е-трговијата, Младиите луѓе не само што ги следат, туку и ги создаваат главните дигитални трендови од кои зависи економскиот раст. Но, тука лежи нашиот главен проблем. Светскиот извештај за миграција за 2020 година ја рангира земјава на 20. место во светот според стапката на миграција. Поради низа системски проблеми, вклучително и корупцијата, постои опасност да изгубиме огромен дел од нашата млада дигитална популација. За да одговори на овие предизвици, државата мора да ја гради довербата во овој сектор со тоа што ќе се бори против сајбер криминалот и ќе ја гарантира сајбер безбедноста на пазарот, подвлече Пендаровски.

Тој нагласи и дека државава мора да го развива системот на е-трговија за да може да привлекува инвестиции, да генерира работни места и да ги задржува младите во земјава.

Пред Пендаровски се обрати претседателката на Асоцијацијата за е-трговија, Нина Ангеловска која, исто така го истакна значењето на вештачката интелигенција. Таа рече дека вештачката интелигенција нема да го замени вработениот, но вработениот кој користи вештачка интелигенција ќе го замени оној што не ја користи.

-Како што нема раст на бизнисите без е-трговија, така нема раст на е-трговијата без вештачка интелигенција. Вештачката интелигенција го менува начинот на кој работиме, купуваме и живееме, ги менува и редефинира работните места и ако правилно ја користиме ќе ни ја направи работата поефективна и попродуктивна, нагласи Пендаровски.

На Конференцијата чие издание Ангеловска го најави како најголемо досега, има над 600 гости, 30 домашни и интернационални говорници. 

Next Post

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Курти од меѓународната побара екстрадиција на Радоичиќ; над 1.350 сменети таблички во „РКС“; Албанија и Италија со билатерален договор за антикорупција

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk