ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска и Крастев: Македонските и бугарските институции во културата ги афирмираат европските вредности

November 14, 2023 14:03
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и бугарскиот министер за култура, Крастју Крастев, денеска на Владата одржаа билатерална средба на која разговараа за досегашните односи во културата меѓу двете земји, како и за можностите за нивно унапредување.

Во фокусот на средбата, на која беа присутни и заменици-министрите за култура на двете земји, Даим Лучи и Амелиа Гешева, беше ексклузивната изложба „Сребрена Тракија“, за чие отворање во еднодневна посета на нашата држава е висока државна делегација од Бугарија предводена од претседателот на бугарското собрание, Росен Димитров Жељазков.

Соговорниците изразија задоволството што соработката меѓу двете реномирани институции, македонскиот Археолошки музеј и Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија на науките од Софија, резултираше со договор за две големи и значајни изложби, кои ги промовираат културата и културното наследство како темелна европска вредност. Покрај  изложбата „Сребрена Тракија“ во Скопје, во следните години е договорено во Софија да биде претставено и богатото археолошко културно наследство на Северна Македонија.

На средбата беше истакнато дека изложбата „Сребрена Тракија“, која го содржи и уникатното Тракиско сребро, претставува исклучителна можност да се видат ексклузивни наоди од тракиската култура. Поставката беше претставена во повеќе музејски центри во Европа и во светот, но во Скопје изложбата е конципирана како најкомплексна и најобемна презентација на наодите што ја претставуваат тракиската култура и цивилизација.

Костадиновска-Стојчевска и Крастев изразија задоволство од одличниот прием на бугарската јавност на изложбата „105 години Требениште“, која неодамна беше отворена во Софија.

Оваа значајна изложба, која создаде нова енергија во балканската музеологија, во 2025 година ќе биде претставена и во Народниот музеј на Србија, по што изложбата посветена на требенишката некропола ќе го продолжи своето патешествие низ најзначајните европски и светски музеи.

Костадиновска-Стојчевска, на средбата со својот бугарски колега, изрази задоволство што двете министерства негуваат слични приоритети во својата културна политика, во делот на заштитата на културното наследство, како и поттикнување на активностите на младите. Беше истакната можноста за соработка меѓу сродните институции во двете држави, преку реализација на проекти, истражувања, обуки, размена на експерти/дефицитарен кадар и слично.

Костадиновска-Стојчевска ја информираше делегацијата дека со оглед на фактот што Северна Македонија претседава со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, следната година е предвидена реализација на повеќе активности, министерски средби, кои ќе се осврнат на актуелни прашања од сферата на заштитата на културното наследство.

Министрите за култура ја поздравија работата на културно-информативните центри во двете држави и ја истакнаа нивната активна улога во промоцијата на македонската и на бугарската култура во Скопје и во Софија.

Беше нагласена и одличната соработка меѓу двете држави и во областа на литературната дејност, каде што со поддршка од македонското Министерство за култура на бугарски јазик се преведени многубројни дела од реномирани македонски автори, а е солидна и соработката во театарската дејност во чии рамки, националните институции и уметниците од двете држави редовно се претставуваат на фестивалите и манифестациите во двете земји.

Министрите за култура разговараа и за идната соработка во рамките на УНЕСКО, по заедничкиот успех за впишување на мултинационалната апликација „Културни практики поврзани со 1 Март – Мартинки“, поднесена од Северна Македонија, Бугарија, Романија и Молдавија, на Репрезентативната листа на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство на човештвото.

Next Post

Тренчевска: Иднината да ја градиме од младите, за младите

Shortcut

Најново

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој  

June 17, 2026

Филипче за Преспанскиот договор: Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место

June 17, 2026

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска наградена со „Гласник на невидливите“

June 17, 2026

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

June 17, 2026

СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

June 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk