Италијанската премиерка Џорџа Мелони, денеска, во телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, му порача дека неговата земја има клучна улога во спречување на ширењето на конфликтот меѓу Израел и Хамас во остатокот од регионот.
„Премиерката повика на итна деескалација на конфликтот, што не смее да се прошири во остатокот од регионот и ја нагласи клучната улога што Турција ја игра во тој контекст“, се наведува во соопштението од кабинетот на италијанската премиерка. Пренесуваат британските медиуми.
Претходно турското претседателство соопшти дека Ердоган изјавил дека Анкара очекува поддршка од Рим за прекин на огнот во Појасот Газа.
Притоа, турскиот претседател кажал дека неговата земја ќе се обиде Израел да биде изведен и казнет пред меѓународните судови.