ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лажни објави на социјалните мрежи за наводни киднапери на деца во Шуто Оризари

Токму поради дезинформациите за наводни обиди за киднапирање на деца, на 28 јануари 2019 година, во Шуто Оризари беа претепани тројца полицајци, откако малолетничка од населбата почнала да вика дека во комбе насилно било внесено женско лице. Според МВР, група на граѓани по ваквото тврдење се насобрале и нападнале возило во кое имало полицајци кои не биле на должност. Едниот од нив во тешка состојба завршил во ГОБ 8-ми септември.

November 17, 2023 14:50
in PMD, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС

„Инфо инфо, пред само 20 минути спасивме 5-6 деца на улица „Чегевара“ кај школото „Браќа Рамиз и Хамид“ (Шуто Оризари). Ова сиво комбе е вистинско има крадци, за да ги киднапираат прво застанаа и тргнаа кон нив, едно од децата од страв се онесвестил. Пазете ги вашите деца“, гласи објавата на Фејсбук од извесен профил Леон Селма.

Оваа објава е всушност дезинформација, и е објавена на 12 ноември, во 21:09 часот која за кратко стана  вирална на социјалните мрежи и предизвика страв и паника кај граѓаните. Досега има над 1.400 споделувања.

Во коментарите под објавата може да се забележат такви кои повикуваат веднаш да се пријави во полиција и да ги уапси, додека пак други не и веруваат на полицијата туку повикуваат работите да ги преземат во свои раце и да ги најдат и да истепаат на лице место.

Еден во коментар пишува: Времето надвор е врнежливо, а улиците каливи, а на фотографијата се гледа барут сува улица. Исто така нема ниту пријава од ниту еден родител за исчезнато дете, сепак ваквите објави се сериозни и подложат на кривична одговорност. Не си играјте со нашите деца, наутро треба во училиште да одат и не ширете страв кај родителите. Ако нечие дете е загрозено нека оди нека пријави во полициска станица“, пишува ЦрНи.

Додека Ина Анни пишува дека фотографијата е земена од српски страници и непотребно се шири лажна вест и дека полицијата треба да реагира и да преземе мерки за лицето што шири дезинформации.

Има и такви кои тврдат дека ги виделе и ги убедуваат останатите во тоа. Извесен Екрем Шабан сподели две фотографии преземени од српски државјани при што пишува: „Еве ги луѓето, овие се, јас сега се спречкав со нив кај бензиската, избегале романски Роми“.

Всушност на фотографијата не се прикажани никакви киднапери на деца. Станува збор за стара фотографија која првпат се појавила во 2015 година во Романија, а лицата прикажани на неа се поврзуваат со џебни кражби.

Овој тренд на ширење лажни вести за наводни киднапери започна претходно во Србија.

Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, на 15 ноември, ги демантираше лагите кои некои лица ги пласираат преку социјалните мрежи за некакви наводни киднапери.

„Граѓаните да не наседнуваат на дезинформации. Нема ниту едно одземено дете, ниту било какви киднапери. Апелираме да не се шират дезинформации по социјалните мрежи кои имаат за цел да ги вознемират граѓаните. Полицијата е присутна насекаде и ја гарантира безбедноста на граѓаните“, објавија од МВР.

Вчера (16.11.2023) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Џ.Г. (53) од Скопје поради лажно пријавување. Имено, вчера околу 19 часот Џ.Г. во СВР Скопје пријавил дека наводно во Скопје две лица со комбе „мерцедес“ се обиделе да грабнат малолетничка, но не успеале.

„Веднаш по добиената пријава, полициски службеници преземале соодветни мерки и активности и утврдиле дека пријавата е лажна односно нема таков случај. Потоа, со пријавителот е извршен службен разговор во кој тој признал дека го измислил настанот, водејќи се од лажните објави кои деновиве се споделуваа на социјалните мрежи за наводни киднапери. Во консултација со ОЈО Скопје, Џ.Г. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, велат од МВР.

Токму поради дезинформациите за наводни обиди за киднапирање на деца, на 28 јануари 2019 година, во Шуто Оризари беа претепани тројца полицајци, откако малолетничка од населбата почнала да вика дека во комбе насилно било внесено женско лице. Според МВР, група на граѓани по ваквото тврдење се насобрале и нападнале возило во кое имало полицајци кои не биле на должност. Едниот од нив во тешка состојба завршил во ГОБ 8-ми септември.

Ваквите дезинформации имаат за цел да предизвикаат страв, паника и несигурност кај граѓаните, односно да создадат недоверба во безбедносните служби.

ЦИВИЛ апелира до граѓан(к)ите да не подлегнуваат на вакви дезинформации и секој сомнеж да го пријават во надлежните институции.

ЦМТ 

Извор: Цивил Медиа

Next Post

Столтенбер во официјална посета на Скопје и на неформалниот лидерски состанок на НАТО сојузниците од регионот

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Турскиот министер за транспорт казнет за возење со 224 км/ч

August 25, 2025
Фото: Pixabay

Операции за намалување на висината – нов тренд во турскиот медицински туризам

August 25, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага против криминална група за даночно затајување, даночна измама и перење пари

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk