Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Крстовите се подигнуваат во војната меѓу долгоушите и краткоушите Македонци. Како Моаите на Велигденските острови. Животот на Рапа Нуи завршил кога ушлеститите Полинезијци ја исекле сета шума за да прават калапи и транспортни елементи за своите статуи односно кога во пацифичката изолација ги искористиле сите ресурси и останале истрајни во ставот дека нема да влезат во Пацифичката унија со седиште на Тахити, а во Македонија ќе заврши кога и последните лажици и коњски потковици ќе завршат како железни профили за финалниот крст.
Во славната изолација на државата од Европа, светот и цивилизацијата, ако долгоушите Македонци во борбата ги победат краткоушите, крстовите ќе останат сведоштво за неизмерната глупост на еден народ.
И на отсуството на минимално чувство за уметност, за естетика воопшто, зашто Моаите се високоуметнички дела во однос на македонските крстови кои се како скелиња пред некои згради кои никогаш не биле изградени.
Нема да ви кажам кои се долгоушестите, а кои се краткоушестите Македонци. Кога се возите во автобусите на ЈСП разгледајте ги главите на луѓето околу вас и лесно ќе погодите кои на која група припаѓаат. А и самиот погледнете се во излогот на некоја продавница за детски играчки. Ако откриете дека не личите или не сте вморон, значи дека сте од краткоушестите наследници на Александар, Самоил, Гоце и Марко Цепенков.
Всушност, ние сме, Цепенци по дух и по националност.
А можеби нема да биде така.
Можеби луѓето ќе одбијат да го дадат својот есцајг за крстовите на долгоушестите.
Можеби ќе ги отераат у пизду материну кога ќе им тропнат на врата и со ракатка гумени бомбони ќе ги замолат да гласаат за нив, а тие, во замена за гласот, ќе им изградат голем крст на терасата.
Во западната хемисфера радикалноста е значајна само уште како естетски став, можеби и како филозофски хабитус, а не повеќе како политички стил.
Во Македонија, пак, како чиста злоба и злосторство без разлога.
Без естетика.
Само едно големо ништо кое не излегува од телевизиските студија, смрди и пелтечи за националните интереси.
Вмро.
Четирите свети букви и долгата рака со која може да мастурбира и од Истанбул ако курот си го заборави во Ново село.
Хахаха!
После крахот на комунизмот работата на светскоисториската одмазда, општо речено: работата на урамнотежувањето на страдањата, мораше да им се лизне од рацете на луѓето. Работничките организации имаат малку сила со која можат да се заканат, бидејќи привилегијата на заканата речиси сосема премина на страната на претприемачите. Таа страна сега може да тврди дека сè ќе биде уште и многу полошо доколку другата страна не разбере и не ги прифати новите правила на играта.
Тоа го тврдам и јас, макар што не сум претприемач туку само обичен пензионерски тајкун кој се збогати на продажбата на националните интереси.
Ценете го повеќе тоа што го имате, не само материјалното, а Најчевска оставете ја вода да пушта после своите срања.
Некогашните агенти на екстремистичкото нетрпение, останаа без работа, духот на епохата не им нуди никаква улога.
Нема револуции, нема светска војна, нема светска историја.
Само локални свињарии.
Вмро е мала смрдлива локална свињарија. Свиња која ќе се исуши и ќе биде добра за со кисела зелка. На светско ниво центарот го разбра законот на моментот и сам себе се прогласи за главен актер. Се надевам дека така ќе биде и во Македонија.
Малку е досадно, но така е. Освен кај што има војни кои со својата трагика не ги демантираат овие тези, туку ги потврдуваат.
Светот нема нова идеја за себе и за својата историја и влегува во локални трагедии како во некое алиби на немоќта.
Додека агентите на екстремизмот беа цврсто уверени дека сегашноста е полна со трагови на иднината, денешните луѓе, ослободени од илузиите, живеат во уверување дека иднината веќе постоела- и никој повеќе не го сака нејзиното враќање.
Каква врска има ова со Македонија?
Македонците го излижаа сладоледот на љубопитството и надежта што им го понудија агентите на екстремистичкото нетрпение од вмро и сега се во модот на „иднината која веќе била и која не сакаат да се врати.”
А духот на епохата, нивните интелектуални скромности и презаситеноста на општеството со нивните баналности, ги оставаат без работа. Или со работа на која никој не обрнува внимание или се смее и понекогаш пцуе поради таа дискрепанца со критериумите на времето и на светот.
Манекени на радикалноста.
Кои сè уште не се без сила да направат некој проблем, но, сепак се на пат да ја сфатат својата бесмисла.
Како и нивните симпатизери.
Да им ја дадеш власта, тие скотови ќе направат од неа јаже и ќе се обесат.
Добро, нешто и ќе украдат, но на крајот, сепак, ќе се обесат.
Не би сакал да ги гледам како се клатат на водоравните краци на сите можни крстови, но не би сакал да ги гледам и на улица, в кафеана или во „само срање” на (канал) мамбо намбар фајф.
Ако се разбираме.