ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Советот на ЈО едногласно ја разреши Вилма Русковска

November 23, 2023 13:25
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на јавни обвинители на денешната 90. седница едногласно ја разреши поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Вилма Русковска од функцијата јавен обвинител.

Заради заштита на угледот и интегритетот на јавните обвинители против кои се води постапката, јавноста беше исклучена од расправата по оваа точка, а гласањето беше јавно. Советот најпрво едногласно ја отфрли како неоснована жалбата на Русковска во врска со предлогот за нејзино разрешување, а потоа едногласно го усвои и предлогот на Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност за нејзино разрешување.

Претседателката на Советот на ЈО Душица Димитриеска, по седницата во изјава за медиумите, рече дека разрешувањето на Русковска е поради сторена тешка дисциплинска повреда, а дејствијата кои ги презела ќе бидат детално опишани во писмено изработената одлука, што ќе биде јавно објавена.

– Писмено изработената одлука ќе биде објавена на веб страната на Советот на ЈО и ќе може подетално да се запознаете со истата, изјави Димитриеска.

Во однос на одлуката за намалување на платата за 30 проценти во период од шест месеци на јавната обвинителка Ивана Трајчевска, Димитриеска рече дека, таа е денеска донесена и е правосилна, и Секторот за финансиски прашања при ЈОРСМ треба тоа да го спроведе.

По спроведената дисциплинска постапка против три јавни обвинителки и разгледување на извештајот на обвинителот-известител Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, во март годинава подонесе предлог за разрешување за поранешна шефица на ОЈО ГОКК Вилма Русковска, предлог за дисциплинска мерка – намалување на плата во висина од 30% од исплатената нето плата во траење од 6 месеци за јавната обвинителка Ивана Трајчевска, а за јавната обвинителка Елизабета Јосифовкса одлука да биде ослободена од одговорност, бидејќи не се докажа дека сторила тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство.

По претресот во Управата за финансиска полиција од страна на ОЈО ГОКК извршен на 18 јули минатата година, републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески ја суспендира Русковска од работа и донесе одлука за отворање дисциплинска постапка против трите обвинителки.

Советот на денешната седница, меѓу другото, донесе и одлука за формирање на комисии за подготвување на кандидатска листа и за спроведување за избори за членови на Советот на јавни обвинители од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Штип.

Tags: Вилма РусковскаразрешенаСовет на ЈО
Next Post

Интервју, Бојан Лазаревски: Успехот на нашата кинематографија е резултат на чесна и системска работа, обидот за дискредитација од страна на ДКСК е срамен

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk