ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски во Вабтек МЗТ: Создаваме поволна бизнис клима за повеќе инвестиции и нови работни места

November 23, 2023 14:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја посети фабриката Вабтек МЗТ во Скопје, која во Северна Македонија во својот производствен капацитет работи по исклучително висока технологија која што може единствено да се види во фабрики во Англија, во Франција, во САД и тука во Скопје.

„Северна Македонија индустриски се развива и економијата расте, тоа не е резултат само на работата на Владата нормално и институциите, туку пред сѐ на вакви компании кои инвестираат во високо технолошко – индустриско производство кое се продава на светските пазари. Вабтек МЗТ е резултат на спојување на три индустриски гиганти од САД и Франција со повеќе од 150 години историја во железничкиот бизнис, има производствени погони ширум светот, но и во Северна Македонија. Ние како Влада даваме поддршка, во моментов во Вабтек МЗТ работат 370 високо квалификувани работници, имаат развиено програма за преквалификација на работници од други индустрии кои работат заедно со Министерството за труд и социјална политика и секако образование кое го работат со Министерството за образование и наука, а кое произведува нови кадри потребни за оваа фабрика“, рече премиерот.

Премиерот ја потенцираше позитивната бизнис клима во државата, која придонесе за зголемен број на инвестиции и отворање на нови работни места во Северна Македонија. Како што истакна Ковачевски: има нови 4.800 работни места во ТИРЗ ширум Македонија, а вкупниот број достигна 17.790 вработени кој е рекордно ниво на вработени во ТИРЗ.

Вабтек е фабрика која се наоѓа надвор од технолошко индустриската развојна зона, деловите кои ги произведуваат во Скопје може да се најдат од њујоршкото метро, познатата Ориентед Експрес, до лондонското најмало метро. Развојните планови на компанијата Вабтек МЗТ, предвидуваат нов објект заради проширување на своите производства. Планираат да вработат дополнително 150 луѓе во наредниот 4 годишен период и тоа вработени кои ќе работат исклучиво на ЦНЦ машини.

„Во корпорацијата Вабтек има и спојување направено во текот на изминатите години коешто вклучуваат делови и од Електрик од САД и затоа ние како Влада ќе направиме сѐ што е потребно за да една ваква инвестиција ја поддржиме. Да се развива, да гради нови објекти, да воведува нови технологии да образува и обучува нови квалитетни инженерски кадри кои потекнуваат од нашата држава. Секако тие се фабрика и која ќе увезува работна сила согласно потребите кои ги имаат заради технологијата која ја користат“, рече Ковачевски.

Next Post

Тренчевска: Како Министерство сме посветени кон грижата за стари лица – и во делот на градење домови и во делот на услугите

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk