ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Ковачевски: Во мандатот на оваа Влада се отворени вкупно 83 објекти за предучишно образование

November 27, 2023 15:19
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Од почетокот на мандатот на Владата се отворени вкупно 83 објекти за предучилишно образование, од кои 13 нови јавни детски градинки, 39 нови објекти во рамки на постојните јавни детски установи. Отворени се 31 нова група со промена на просторни услови во постоечки објекти и во други просторни услови. Со тоа, овозможивме да бидат згрижени дополнителни 8.000 деца од предучилишна возраст во државата, истакна премиерот Димитар Ковачевски по денешната посета на Градинката „Виножито“ во Струмица.

Премиерот подвлече дека vo оваа градинка е решен долгогодишниот проблем со сместувачки капацитети во предучилишното образование во Струмица и околината, а се работи да се овозможат услови за дополнителен персонал за да се згрижат и новозаинтересираните четириесетина со што на ниво на Општина Струмица, сите деца за кои има интерес ќе бидат сместени во градинките.

-Децата тука, во „Виножито“, се уверив и лично, престојуваат во современи услови за предучилишно образование, игра, раст и развој, како што беше предвидено. Градинката има услови за греење на гас. Постојано се инвестира. И следен чекор е инвестиција во сензорна соба, за да се зголеми опфатот на деца со попреченост, додаде Ковачевски.

Тој ги наброја и инвестициите и во другите градинки во Општината, а, како што рече, оваа Влада посветено работи да ја врати довербата на граѓаните, дека постојат политички раководства за кои дадената доверба е чест и одговорност, а не привилегија, како што се практикуваше во едни други времиња.

-Наш врвен приоритет е иднината на нашите деца, затоа што младите се иднината на секоја држава. Како Влада направивме најмногу инвестиции во градинките во историјата на државата.10 населени места за прв пат добија градинки. Клонови на детски јавни установи се направени во уште 17 населени места. Конкретно за годинава, со пресекот во месец септември, околу 36.300 деца се запишани во јавните детски градинки и околу 3.000 деца се опфатени во приватните детски градинки. До крајот на 2023 година се планира да бидат отворени капацитети за уште 530 деца на ниво на држава. А, до крајот на 2024 година, предвидовме отворање на дополнителни, околу 1.700 места, за згрижување деца од предучилишна возраст, посочи премиерот.

Потенцираше дека дека од 2019 година до денес има значително зголемување и на платите во градинките во државата. И тоа, на раководителите за 43отсто, воспитувачите имаат за 54 отсто поголема плата, негувателите за 47 отсто, хигиеничарите за 64 отсто

Додаде дека Владата не троши пари за фасади од стиропор којшто се распаѓа, за врби во Вардар што се сушат, за лажен барок, за лавови по мостови, за што цела деценија, во режим, без никаква контрола државните пари, милиони евра се одлеваа од граѓаните во приватни и партиски каси.

-Наспроти тоа, ние минатата година ја завршивме со најголема реализација на капитални инвестиции досега, во вкупна вредност од 465 милиони евра, за клучни потреби на граѓаните. Имаме реализација на речиси 90 отсто од планираните капитални проекти, што е највисок процент во споредба со претходните 10 години. И со предложениот Буџет во Собранието за 2024 година, предвидовме закрепнување на економијата по светската криза од глобалните случувања, поливалентните кризи кои се случија, но и раст на економијата, а со тоа и на животниот стандард, рече Ковачевски.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, истакна дека Градинката „Виножито“ е најголема во државата, инвестиција вредна 2 милиони евра, која за само една година го исполнила својот капацитет за згрижување на 307 дечиња.

-Токму пристапот на континуирани вложување во нови капацитети, во вработените и во секое дете е главниот фокус во спроведувањето на социјалната реформа и развојот на човечкиот капитал, кој ќе биде р,бетот на развојот на нашата држава.Плодовите од изградба на тој систем се веќе видливи и не се повеќе идно, туку сегашно време. А, во сегашното време за резултатите најдобро зборуваат насмеаните лица на родителите, децата и воспитно-образовниот кадар, рече Тренчевска.

Таа најави нова инвестиција во Градинката „Виножито“ со опремување на Сензорна соба, која треба да придонесе за подобрување на инклузивноста во градинката и која ќе овозможи сосодветен развој на секое дете.

Градоначачлникот на Струмица, Костадин Костадинов истакна дека во инфраструктурното уредување околу новата градинка досега е инвестирано 20 милиони денари.

-Тоа е улицата „Атанас Јанев“ со тротоарското уредување, улицата број „1“ е веќе пробиена со општински средства од 9 милиони денари, а што претставува ново грло во населбата „Касарна“, каде е лоцирана оваа градинка, рече струмичкиот градоначалник.

Премиерот Ковачевски, министерката Тренчевска и заменик министерката за правда Аврамовска Мадиќ го посетија и Дневниот центар „ЕДУ Практика“ во Струмица.

Next Post

Собранието ја почна постапката за нов јавен обвинител

Shortcut

Најново

Роботи во здравството (фото извор: Edge Medical)

Европски успех на домашно тло: Прва „Single Site“ роботска операција во земјата

June 11, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

Реакција на СДСМ: Мицкоски ја смени приказната – од „нема избори“ до „избори многу скоро“

June 11, 2026

Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

June 11, 2026

Премиерот Мицкоски тврди: Македонскиот раст на БДП е меѓу најдобрите во Европа

June 11, 2026

„Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

June 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk