„Секој антикризен пакет што доаѓа од Владата е добредојден за поединци, но и за стопанството воопшто, а особено за најранливите категории граѓани, како основците и средношколците, студентите и пензионерите“, изјави за „Фронтлајн“ – професорот на Факултетот за бизнис и економија на Универзитетот на Југоисточна Европа, д-р Веланд Рамадани.
– Иако може да изгледаат како мали суми, за овие категории граѓани претставуваат важна помош, што донекаде им ги олеснува дневните трошоци. Затоа нагласив дека тие се добредојдени и за економијата воопшто, бидејќи овие средства наменети за помош на овие категории ќе се излеат на пазарот и ќе придонесат за приходите и профитот на компаниите, а потоа дел од нив ќе бидат вратени во буџетот на државата преку даноците, вели Рамадани.
Eкономски аналитичар Арбeн Халили потенцира дека владините антикризни мерки имаат за цел да ја олеснат состојбата на ранливите категории во општеството, во кое спаѓаат најголемата група граѓани со ниски примања, односно без редовни финансиски средства, потоа пензионерите, студентите, самохраните родители и така натаму.
Владата на Република Северна Македонија го презентираше деветтиот пакет антикризни мерки, кој е во вредност од 662 милиони евра.
Овој пакет содржи 26 мерки за социјална сигурност, насочени кон таргетирана поддршка за ранливите категории на граѓани и компании како и поддршка за надминување на потешкотии во услови на зголемени трошоци на живот, но и во услови на продолжени ефекти од енергетската криза.
Со мерките се опфаќаат 120 000 млади лица, над 74 000 социјално ранливи категории на граѓани, над 187 000 пензионери, 40 000 земјоделци, речиси 540 000 корисници на апликацијата мој ДДВ. 600 000 домаќинства, како и над 70 000 компании.
Со системските мерки за 2023 и 2024 година се опфатени пак над 338 000 пензионери и 106 000 вработени во администрацијата. За мерките наменети за граѓаните, домаќинствата и земјоделците издвоени се 156 милиони евра.
Во овој пакет мерки, обезбедена поддршка за зголемување на ученичкиот стандард, за основците и средношколците од ранливи категории на семејства со ниски примања, до 50,000 денари. Над 105 илјади ученици во основното образование и средношколците во наредните 6 месеци ќе добиваат по 1.200 денари, односно 1.800 денари месечно, за што од буџетот за оваа финансиска поддршка ќе се издвојат вкупно 14,3 милиони евра.
15.000 студенти кои живеат надвор од местото на студирање, ќе добијат ваучер за превоз. Студентите во наредните 7 месеци месечно ќе добиваат ваучери во износ од 600 до 1.200 денари, за што се предвидени 2 милиони евра.
Во наредните 5 месеци по 2.000 денари месечно ќе добиваат корисниците на надоместок заради попреченост, за самохрани родители – корисници на Гарантирана минимална помош и за родители на деца со попреченост до 26 години. Со оваа мерка се опфатени 16.741 граѓани, со вкупна буџетска поддршка од 2,7 милиони евра.
Во наредните 5 месеци пензионерите со пензија до 14.000 денари ќе добиваат по 3.000 денари месечно, оние со пензија од 14.000 до 16.000 денари 2.000 денари, додека, за пензионерите со примања од 16.000 до 19.000 денари во следните 5 месеци, ќе имаат поддршка од 1.500 денари. За оваа поддршка се предвидени 35 милиони евра и се опфатени над 187.000 пензионери.
Со новиот пакет е предвидена авансна исплата на субвенции преку ИПАРД програмата за 40.000 земјоделци кои имаат посеви со полјоделски и градинарски култури, лозови и овошни насади и кои се занимаваат со сточарството. За оваа мерка предвидени се 8,1 милиони евра.
Со владините мерки предвидени се 1,1 милиони евра за околу 2.250 корисници, за финансиска поддршка на домаќинствата за инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. Поточно, поддршката за фотонапонски панели е до максимум 80.000 денари, до максимум 15.000 денари за соларни системи и до максимум 25.000 денари за инсталација на ПВЦ.
Субвенционирана цена на електричната енергија за 611.000 домаќинства и 68.000 мали потрошувачи, а проценката е дека ќе бидат потребни 35 милиони евра. (Целиот пакет мерки на Владата на Република Северна Македонија)
Дестан Јонузи