ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Вицепремиерката Грковска на Глобалната конференција за градење сајбер капацитети: Сајбер безбедноста носи исти предизвици за сите земји, неопходен e заеднички и координиран пристап во нивното надминување

November 29, 2023 15:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ниту една земја не може самостојно и изолирано да се справува со предизвиците на сајбер безбедноста и сајбер отпорноста. Бидејќи, независно колку една земја е развиена или не, сите ние се соочуваме со истите ризици, со истите предизвици и затоа координиран и заеднички пристап е неопходен“. Ова го порача вицепремиерката Славица Грковска, во своето воведно обраќање на Глобалната конференција за градење сајбер капацитети  „Сајбер отпорност за развој“, која неделава се одржува во Акра, Гана, во организација на Глобалниот форум за сајбер експертиза (GFCE), заедно со Светска банка, Светскиот економски форум (WEF) и Институтот за сајбер мир.

Истакнувајќи ја важноста на настаните кои придонесуваат за обликување на иднината на светско ниво, вицепремиерката Грковска нагласи дека е исклучително важно сајбер политиките да бидат составен дел од колективните напори за намалување на разликите во социо-економскиот развој и реализацијата на глобалните развојни цели.

„Од една страна, дигитализацијата помага да се забрза развојот и да се направат позначајни чекори кон подобрување на услугите и стандардите за граѓаните во помалку развиените земји. Но, од друга страна, уназадувањето или стагнацијата на ова поле станува дополнителен комплицирачки и поткопувачки фактор за сите други развојни политики“, истакна Грковска во обраќањето на пленарната сесија.

Таа додаде дека за успешен процес на дигитална трансформација на општеството, но и на сајбер безбедно и отпорно општество, клучно е градењето на широк, не само политички туку и општествен консензус за потребата од инвестиции во соодветни технички капацитети и инфраструктура, како и за градење на стручен човечки капитал со знаење и квалификации за подобрување на севкупните дигитални вештини.

На самото отворање на глобалната конференција, учесниците заеднички поддржаа „Акра повик за развивање на сајбер отпорност“, кој се залага за посилно партнерство и координација и кој претставува рамка за глобална акција.

Во текот на денешниот ден, вицепремиерката ќе биде говорник и на две панел сесии кои ќе бидат посветени на процесите на јакнење на капацитетите за сајбер безбедност, како и за родовиот јаз и неконвенционалните стратегии за инклузија на жените во овој сектор.

Next Post

Премиерот Ковачевски ќе го пречека и ќе има срдба со потпретседателот на ЕK, Жозеп Борел

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk