ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Објавен конкурс за програмата Еразмус+ за 2024 година

November 29, 2023 15:07
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија објави конкурс за проекти во рамки на Програмата на ЕУ за поддршка на образованието, обуката, младите и спортот во Европа – Еразмус+ за 2024 година, на кој право на учество имаат лица од земјите членки на Унијата и државите вклучени во програмата, меѓу кои е и Северна Македонија.

Аплицирањето на секое правно или физички лице активно на полето на образованието, обуката, младите и спортот може да се врши преку националните агенции на Еразмус + или преку Европската извршна агенција за образование и култура (EAЦEA).

Како што соопшти ЕК, со буџет од 4,3 милијарди евра за следната година, Еразмус+ ќе продолжи да ги поддржува транснационалните проекти за ученици, студенти и лица вклучени во стручното образование и обука, како и за програми за неформално образование за возрасни, за едукатори и и за млади луѓе.

– За да се ублажи ефектот на инфлацијата врз учесниците кои учат во странство и да се овозможи широко учество, програмата ќе ги подигне нивоата на грантови за мобилност. Следејќи го истиот пристап, како и за конкурсот за 2023 година, износите на грантот за индивидуална поддршка за оние кои учат во странство ќе бидат прилагодени за 5,9 отсто за повеќето проекти за мобилност во конкурсот за 2024 година, наведува Комисијата, додавајќи дека годинава веќе беше направено едно прилагодување за 12,27 проценти.

Како што се додава во соопштението, во текот на 2024 година, програмата ќе понуди поголеми стимулации за патувања, при што учесниците од пооддалечените области, островите или местата со недоволна железничка мрежа ќе добиваат соодветна компензација за патни трошоци. Дополнително, првпат ќе биде понудено и покривање на патни трошоци за мобилност на високото образование во рамките на Европа.

– Активностите за соработка во рамките на Еразмус+ ќе продолжат да ги поврзуваат луѓето и организациите за да работат на четирите главни клучни приоритети на програмата: вклучување, активно граѓанство и демократско учество, зелена и дигитална транзиција, се потенцира во соопштението.

Предвидени се средства кои ќе опфаќаат од поддршка на мали проекти на локално ниво, па до транснационални иницијативи, како што се европските универзитети, центрите за стручна извонредност и академиите за наставници на Еразмус+, како и иницијативи кои играат водечка улога во зелените и дигиталните транзиции на системите за образование и обука.

Дополнително со Еразмус+ ќе продолжи и поддршката за Украина, преку проекти кои можат да ја поттикнат мобилноста на образованието, да им овозможат нови вештини на лицата кои бегаат од земјата, да помогнат во борбата против дезинформациите или да ја промовираат интеграцијата на бегалците во новите образовни системи.

– Еразмус+, исто така, ќе ја продолжи својата клучна улога во промовирањето на заедничките вредности на ЕУ. Сите корисници на програмата и активностите преку кои таа се спроведува ќе се усогласат и ќе ги промовираат вредностите на човековото достоинство и права, слободата, демократијата, еднаквоста и владеењето на правото, наведува ЕК.

Вкупниот буџет на Еразмус+ за периодот од 2021 до 2027 година изнесува 26,2 милијарди евра, надополнет со околу 2,2 милијарди евра од надворешните инструменти на ЕУ. Во различните активности за образование, обука и младинска мобилност преку програмата Еразмус+ од 1987 година беа вклучени над 14 милиони луѓе.

Tags: 2024еразмусконкурс
Next Post

Бесими: Поддршка на најранливите категории и стопанството е таргетот на новиот пакет антикризни мерки

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk