ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Поддршка на најранливите категории и стопанството е таргетот на новиот пакет антикризни мерки

November 29, 2023 15:11
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, на вчерашното гостување во ТВ 24 истакна дека главниот критериум во креирање на мерките од деветтиот пакет антикризни мерки била поддршка на најранливите категории и креирање потаргетирани мерки во вредност од 662 милиони евра, од кои 81 милион евра се директна поддршка од Буџетот, а останатите се вонбуџетски средства преку поволни заеми за стопанството и за ЕСМ за субвенционирање на цената на електричната енергија.

Тој потенцираше дека средствата за овој пакет мерки се обезбедени во буџетот преку редовни јавни приходи и дека за тоа нема дополнително задолжување.

– Со мерките ќе се подобри стандардот на пензионерите, ќе се поддржат учениците, студентите, земјоделците. Целта е да се задржи стандардот, но и да се поддржи и стопанството преку потрошувачката. Поголем ефект од мерките ќе има кај стопанството кои ќе се поддржат со кредити од Развојната банка и комерцијалните банки од околу 400 милиони евра во инвестиции и мултипликаторниот ефект. Средствата ќе бидат со поволни услови, со пониски камати коишто ќе се субвенционираат преку  Буџетот со цел компаниите да платат пониски камати отколку оние на пазарот, рече Бесими.

Тој нагласи дека ќе има и мерки за поддршка на фирмите.

– Ќе се даде поддршка на ликвидноста и поттикнување на конкурентноста на фирмите, како и за инвестиции во обновливи извори на енергија во приватниот сектор. Предвидени се заеми за мали и средни претпријатија во износ од 10 милиони евра, за инвестиции во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Во соработка со ЕИБ е предвидена поволна седма кредитна линија за зелена транзиција вредна 100 милиони евра за инвестиции, а во соработка со Француската агенција за развој, предвидена е поволна кредитна линија во износ од 50 милиони евра за поддршка на женското претприемништво, дигитализација и проекти што придонесуваат за намалување на негативните ефекти од климатските промени и проекти со позитивен придонес за животната средина, потенцира министерот.

Бесими најави дека се планирани и 50 милиони евра во соработка со Банката за развој на Советот на Европа за поволни заеми за мали и средни претпријатија, создавање и зачувување на работни места, поддршка на женско претприемништво за зелени инвестиции.

– Преку инструментот на ЕБОР за зелено финансирање ќе се поддржат малите и средните претпријатија, но и поединци и домаќинства за инвестиции во обновливи извори и енергетска ефикасност, додаде тој.

Министерот појасни дека за реализација на антикризните мерки во 2023 година се одвоени 189 милиони евра, додека во 2024 година 327 милиони евра, затоа што мерките ќе се спроведуваат до крајот на оваа година и во првата половина од 2024 година. Притоа, напомена дека станува збор за пакет кој е планиран и најавуван претходно, проектиран во буџетите и дека се реализира во текот на зимскиот период, а со цел да се заштити стандардот на граѓаните, но и да се поддржи економијата.

Дополнителна поддршка е предвидена и за за економијата и забрзување на растот е реализацијата на капиталните проекти, додаде тој,  за кои покрај оние 733 милиони евра предвидени во буџетот за 2024 година, но инвестициите од приватниот сектор. При тоа посочи дека не очекува изборниот процес да има влијание врз реализација на инвестициите, кои пак ќе бидат главен двигател на растот.

– Растот на БДП за 2024 година е проектиран на 3,4 отсто, инфлација е 3,6 отсто и дефицитот 3,4 отсто. Тоа е уште една порака дека инфлацијата е веќе стабилизирана и дека ќе се даде можност на инвестициите кои се битен фактор што ќе го повлечат растот. Инвестициите во 2024 ќе имаат динамика на раст од 8,4 отсто, растот на финалната потрошувачка е проектиран на 2,7 отсто  на приватната 3,1 отсто. Главен двигател ќе бидат инвестициите и 2,6 отсто од предвидениот раст од 3,4 отсто ќе се должи на инвестициите, истакна министерот Бесими.

Мерките од деветтиот пакет антикризни мерки предвидуваат поддршка за пензионерите со ниски пензии до 19.000 денари, во износ од 1.500 до 3.000 денари месечно во период од пет месеци. Ќе се поддржат и учениците од основно и средно образование кои доаѓаат од семејства со пониски приходи, односно до две мин0имални плати. Предвидена е финансиска поддршка од  1.200 денари месечно во траење од шест месеци за основците и 1.800 денари месечно во траење од шест месеци за средношколците. Студентите ќе добијат ваучери за превоз. Дополнително предвидени се мерки за поддршка на земјоделците за авансна исплата на субвенции, системски мерки со кои ќе се поддржат вработените во јавниот сектор и пензионерите, кои согласно донесениот закон ќе добијат усогласување на пензиите во март и септември следната година.

Next Post

(ВИДЕО) Бојан Маричиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Национализмот е силна страна на слабите политички опции!

Shortcut

Најново

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Фото: Министерство за финансии

СДСМ тврди дека „дупката“ во ПИОМ достигнала 1 милијарда евра, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека Фондот е стабилен

September 17, 2026
Никола Спасов

Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

September 17, 2026

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk