ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шаленберг: ОБСЕ е Организација со 57 земји членки на еднакво рамниште, потребна ни е оваа платформа за дијалог

November 30, 2023 11:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Photo: TASR

Photo: TASR

ОБСЕ е Организација со 57 земји членки на еднакво рамниште и верувам дека сме добро советувани да ги чуваме правилата, договорени пред повеќе декади и да се однесуваме еднакво кон сите, изјави австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг, на пристигнувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје.

Во однос на откажаните присуства на некои од делегациите поради рускиот министер Сергеј Лавров, Шаленберг рече дека целосно ги разбира, но и дека верува дека ова е организација што ни е потребна за дијалог.

-Целосно ги разбирам, особено украинските пријатели кои одлучија да не присуствуваат, но верувам дека ова е се уште Организација што ни е потребна, не само за односите кои се особено тешки со Русија, но и за централна Азија и Јужен Кавказ. Затоа, потреба ни е оваа платформа за дијалог и ако ја гледате состојбата на глобалните односи верувам дека во иднина, потребата од ОБСЕ ќе биде се поголема, а не помала, изјави Шаленберг.

Шаленберг, во изјава за австриските медиуми пред денешниот Министерски совет на ОБСЕ во Скопје, апелираше до сите држави членки да дадат конкретен придонеси за зајакнување на Организацијата, оценувајќи дека ОБСЕ во моментов е на „апарати за преживување“ и затоа очекува поголема посветеност од сите држави за одржување на ОБСЕ.

– Последните случувања го доведоа ОБСЕ до критична точка: руската воена агресија против Украина не само што ги прекрши основните принципи на европската безбедност, туку и го разниша безбедносниот поредок во следните децении. Очекувам дела, не само со зборови. Мојот апел е: да ја собереме сета своја политичка храброст и да го заштитиме ОБСЕ од одведување во безначајност. Австрија како земја домаќин, се чувствува особено посветена на организацијата. Ја знаеме нејзината вредност. Тоа е единствената организација во која државите од двете страни на Атлантикот, од Јужен Кавказ до Централна Азија, седат на иста маса и разговараат за регионалната безбедност. Различноста на ОБСЕ некогаш беше основната идеја зад нејзиното основање и не треба да се гледа како слабост, вели Шаленберг.

Учеството на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Министерскиот совет во Скопје, за Шаленберг е можност за соочување со агресорот наместо да се избегнува конфронтација. Западните земји, според него, не треба да се плашат од интеракција со Русија.

– Ние како Запад не смееме да се плашиме да седнеме на маса со Русите. Ова е класичен мултилатерализам во најдобра смисла. Сметам дека тенденцијата да се навлегува во сопствените ехо комори во надворешната политика е крајно опасна, истакна шефот на австриската дипломатија и потсети на основачката идеја на организацијата да биде колективен одговор на опасноста од Студената војна.

Tags: Александер ШаленбергизјаваОБСЕ
Next Post
ОБСЕ

Ковачевски: Северна Македонија му помогна на ОБСЕ да продолжи да биде најголемата регионална безбедносна организација во Европа

НАЈНОВО

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025
Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Трамп не ја исклучува можноста за испраќање американски трупи за одржување на мирот во Украина

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk