ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Советот на Европа го реизбра Александар Николоски за генерален известувач за укинување на смртната казна

December 1, 2023 14:03
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за правни прашања и човекови права на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), на седницата која се одржува на 30 ноември и 1 декември во Париз, го реизбра Александар Николоски за генерален известувач за укинување на смртната казна, информираат од Собранието на Република Северна Македонија.

Оттаму, посочуваат дека ова му е втор мандат на оваа позиција. Инаку, мандатот трае една година.

Николоски пред Комисијата презентираше информативна белешка во која беа опфатени случувањата од последната дискусија на оваа тема во декември 2021 година, вклучувајќи го временскиот период кога за првпат беше избран на оваа позиција.

– До денес, повеќе од две третини од земјите (144) ширум светот ја укинале смртната казна со закон или повеќе не ја применуваат, додека 55 земји продолжуваат да ја користат, рече Николоски.

Тој забележа дека одреден напредок кон укинување на смртната казна е забележан во последните месеци во светот, но сè уште е нецелосен. Смртната казн, како што рече, е сурова, нечовечка и понижувачка казна која е спротивна на Европската конвенција за човекови права. Нејзината забрана е основен принцип на Советот на Европа.

Николовски истакна дека Парламентарното Собрание на Советот на Европа треба да игра улога преку споделување на својата експертиза и практика за укинување на смртната казна со другите делови на светот. Ние, подвлече Николоски, треба да продолжиме со нашите напори за целосно да ја искорениме смртната казна од нашиот континент.

По неговиот реизбор за генерален известувач, Николоски истакна дека ќе продолжи да ги следи случувањата во земјите споменати во информативната белешка и ќе ги осудува новите егзекуции и новите смртни пресуди.

На крај, Николоски побара да се декласифицира неговата информативна белешка за да ја направи достапна за јавноста, како и да организира расправа со експерти на идниот состанок на Комисијата. Сослушувањето ќе биде фокусирано на земјите набљудувачи (Јапонија, САД) и темата за условите на притвор на осудените на смрт.

– Комисијата изврши одделни интервјуа и со тројцата кандидати – Мајкл О Флаерти од Ирска, Манфред Новак од Австрија и Меглена Кунева од Бугарија, за функцијата комесар за човекови права на Советот на Европа, известуваат од Собранието.

Оттаму, соопштуваат дека во рамките на седницата на Комисијата, се дискутирало и за Процесите на репарација и помирување за надминување на минатите конфликти и изградба на заедничка мирна иднина – прашање на правична и еднаква штета и за Спротиставување на стратешките тужби против учеството на јавноста (СЛАПП), како манипулација на судскиот систем, со што се поткопува неговата вродена заштитна улога со негова злоупотреба.

– Имаше и сослушување на Евгенија Кара-Мурза, сопруга на опозицискиот руски активист и координатор за застапување и Бил Бровдер, шеф на Кампањата за правда на Сергеј Магнитски, од Обединето Кралствоза, во врска со санкциите за лицата на „Кара-Мурза листата“, информираат од Собранието.

Tags: НиколоскиреизбранСовет на Европа
Next Post
ОБСЕ

Вал: Зголемување на капацитетите за откривање на мало и лесно оружје и подигање на јавната свест - дел од мисиите на ОБСЕ

Shortcut

Најново

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

„Кога не би бил институција, знам како се решава ова“: Мицкоски очекува судовите да постапат за заканите упатени кон него

September 14, 2026

СДСМ бара истрага од Обвинителството: Каде завршија 5,5 милиони евра од лотаријата за прославата со Дејвид Гета?

September 14, 2026

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

(ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk