ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Ја усогласуваме законската регулатива, за подобра заштита на културното наследство

December 1, 2023 20:37
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска се обрати на Втората годишна средба на архитекти и планери во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, при што ја истакна поврзаноста на архитектурата, планирањето и културното наследство како неразделни аспекти кои се одраз на иманентните вредности на културниот идентитет и традиција на една земја.

„Оваа средба има исклучителна важност за сите нас, затоа што во својот фокус ги става архитектурата и планирањето како елементарни дисциплини во егзистенцијата на еден народ, но истовремено ја одржува жива дискусијата за подобрување на заштитата и третманот на културното наследство во нашата држава, што говори многу за нашиот културен идентитет“, рече Костадиновска-Стојчевска на Конференцијата која се одржа во Битола.

Министерката за култура, пред присутните, бројни истакнати архитекти, планери, инженери од целата држава, од Архитектонскиот факултет во Скопје и Асоцијацијата на архитекти, зборуваше за богатото културното и архитектонско наследство на Битола, но иза предизвиците со кои се среќава град со вековна традиција.

Истакнувајќи го ова прашање како проблем на секој наш град кој има материјални траги на културно наследство, Костадиновска-Стојчевска се осврна на потребата од усогласување на Закон за градење и Закон за заштита на културно наследство.

„Свесни за овие предизвици во тек е интензивна подготовка на законската и подзаконската регулатива, која се однесува на заштитата на објектите и материјалото наследство. Заедничката цел на двата закони е да се одврземе од јазолот на бесконечни ситуации и неизвесни постапки во кои запаѓаат и проектантите и надлежните органи, со што конечно ќе се синхронизираат и двата закона“, рече министерката за култура.

Таа посочи дека придобивките од консолидирање на овие два закона ќе бидат видливи не само во Битола, туку подеднакво и во останатите заштитени градски јадра како во Крушево, Кратово, Старата скопска чаршија. „Она што сакаме да го постигнеме е вистинска, а не само теоретска заштитата на културното наследство, баш онака како што доликува на еден град како што е Битола“, рече министерката за култура.

Во оваа насока, Костадиновска-Стојчевска изрази благодарност за соработката на архитеките и урбанистите од Комората на овластени архитекти и овластени инженери со Асоцијацијата на архитекти кои имааобединети гледишта во однос на правната регулатива во овој сектор.

Втората годишна средба на архитекти и планери се одржа на тема: „Архитектот де факто, визави Архитектот де јуре“, а министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска ја отвори и изложбата, „Мерило на македонската архитектура“ на која се претставени трудови кои беа дел на 20-тото и 21-то биенале на архитектура во Скопје- БИМАС, со изложени проекти од областа на архитектура, урбанизам, дизајн и енетриер.

 

Tags: Бисера Костадиновска Стојчевскакултурно наследство
Next Post

Ковачевски: Со ефикасен даночен систем и позитивни политики ја обезбедуваме финансиската стабилност на државата

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk