На 27 април Вие бевте дел од толпа луѓе која сакаше да ме убие. Вие треба да се срамите од моите лузни, му рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Христијан Мицкоски од ВМРО ДПМНЕ во „Само вистина“ на Канал 5.
Вие држите морални предавања за настан на кој и вие бевте присутен и бевте дел од тој настан,па вие треба да се засрамите од моите лузни. Ги изманипулиравте граѓаните. Вашата полтиичка партија сакаше мене да ме убие и другите пратениците кои беа присутни таму. И сите што беа дел од толпата ќе одговараат. Вие сте само еден плејбек на Груевски, рече Заев.
– Насилството е осудено, сите доле се изманипулирани. Јас бев нападнат со лузни сум по целото чело, насекаде дел се гледаат, дел не се гледаат и јас треба дас е засрамам. Зошто? Затоа што вашата политичка партија во толпата во која што вие учествуваше, сакаше мене да ме убие и другите пратеници кои што беа, како можете да зборувате за тоа? праша Заев.