Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Љупчо Палевски.
– Љупчо Палевски род.12.12.1964 год. во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје, објавено е на веб страницата на МВР.
Љупчо Палевски – Палчо е посочен како организатор и реализатор на убиствата на 14-годишната Вања Ѓурчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прес-конференција кажа дека му се влезени во трага на Палевски.