Речиси 1,9 милиони луѓе, повеќе од 80 отсто од вкупното население на Газа, сега се раселени од почетокот на војната меѓу Хамас и Израел, соопшти во понеделникот Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА), пренесе Си-Ен-Ен.
Околу 1,2 милиони внатрешно раселени лица (ВРЛ) беа засолнети во 156 објекти на УНРВА низ Појасот Газа. Огромно мнозинство, речиси еден милион луѓе, се засолнети во објекти во централна и јужна Газа, во места како Кан Јунис и Рафах.
„Просечниот број на ВРЛ во засолништата на УНРВА е 10.326, што е повеќе од четири пати повеќе од нивниот капацитет“, велат од УНРВА.
Томас Вајт, директор за прашања на УНРВА во Газа, рече дека се случува „уште еден бран на раселување“ и дека хуманитарната ситуација се влошува бидејќи израелските одбранбени сили ги засилуваат операциите во јужниот дел на Газа, вклучително и во Рафах, каде што стотици илјади Палестинци се раселени.
Агенцијата на ОН соопшти дека 218 внатрешно раселени лица се убиени, а 901 е повреден додека се засолниле во објектите на УНРВА. Организациите, исто така, соопштија дека 111 нејзини вработени се убиени од 7 октомври.
Д. Т. / Цивил Медиа