ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи во Клан Дебата: Со над две милијарди евра ги поддржавме граѓаните и компаниите

December 5, 2023 14:10
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Од 2020 година кога почна пандемијата на Ковид-19, Владата на Северна Македонија има потрошено над две милијарди евра финансиски средства за антикризни мерки наменети за граѓаните и компаниите“.Ова го изјави заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во емисијата Клан Дебата која се емитува на Klan Macedonia, во која меѓу другото се осврна и на последниот пакет на антикризни мерки кој Владата го донесе минатата недела во вредност од 662 милиони евра.

„Ова е 9-ти антикризен пакет на оваа Влада, всушност, од 2020 година кога започна пандемијата Ковид па сè до денес, за овие четири години потрошивме над две милијарди финансиски средства за граѓаните и бизнисите, пришто рековме дека ќе одвоиме 662 милиони евра наменети за одредени групи, тука влегуваат ученици, студенти, има и група на граѓани од ранливите категории и лица со попреченост. Но секако, тука влегува и приватниот сектор заедно со пензионерите, пришто 155 милиони евра се наменети за поддршка на граѓаните, пензионерите и земјоделците и 492 милиони евра за поддршка на приватниот сектор. Обезбедивме прилично голем пакет за финансирање на приватниот сектор“, рече Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи се осврна и на една новост која Владата ја воведе, поточно за финансиската мерка која ќе резултира со повисоки плати во приватниот сектор.

„Со јануарската плата воведуваме една новост, на приватниот сектор ќе му овозможиме покачување на платите од минимални три илјади до 10 илјади денари,  за кои нема да има плаќање на придонеси, и ова претставува наш напор во борбата против неформалната економија но и за зголемување на платите во приватниот сектор. Оваа мерка ја поздравија и Стопанските комори“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи рече дека од новиот пристап на Владата  ќе придобијат и сточарите.

„Четириесет илјади сточари ќе бидат поддржани со новиот пристап на субвенционирање во сточарството, а тоа е дека за прв пат сточарите ќе добијат авансно 30% од субвенцијата која им следи“, рече Битиќи.

Во емисијата Клан Дебата, вицепремиерот Битиќи се осврна и на мерките за поддршката на учениците и студентите, за што Владата ќе одвои 17 милиони евра, додека за пензионерите се планирани 36 милиони евра.

„Кај делот на пензионерите, околу 185 илјади пензионери ќе придобијат од разните економски мерки кои ги усвоивме, и се работи претежно за пензионери кои спаѓаат во делот на ранливите категории. Од декември важат мерките за пензионерите, односно 92.000 пензионери кои примаат пензија до 14.000 денари, за пет месеци ќе добијат по 3.000 денари, 42.000 пензионери кои примаат пензија помеѓу 14.001 и 16.000 денари ќе добијат по 2.000 денари, додека 52.000 пензионери кои примаат пензија помеќу 16.001 и 19.000 денари ќе добијат по 1.500 денари. Со ова, ќе им овозможиме на сите кои примаат пензија да се доближат до просечната пензија, просечната пензија во последниот месец беше некаде околу 21.000 денари“, рече Битиќи.

Next Post

Орбан со вето за преговорите со ЕУ за Украина, повици за санкции за Унгарија

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk