Претседателот Стево Пендаровски изјави дека не размислува за следен претседателски мандат. Тој негативно одговори на новинарско прашање дали размислува за втор мандат, без да даде повеќе образложение, пренесува „Радио Слободна Европа“.
Шефот на државата присуствуваше на отворениот форум за антикорупција во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка каде посочи дека борбата против корупцијата е долг процес за кој треба политичка волја и широк општествен и политички консензус.