Трагедијата на Вања ја потресе целата нација. Во последната анкета на „Внимание, внимание“ граѓаните споделуваат емотивни искуства како се справиле со шокантните вести.
Граѓаните кои одговараа на анкетата „Внимание, внимание’’ на „Трн.мк’’ рекоа дека случајот поврзан со убиството на Вања беше решен во најбрз можен рок и МВР јавно ги изнесе сите информации и ставија крај на сите шпекулации поврзани со случајот.
Граѓаните се задоволни од институциите и покажуваат огромна доверна кон нив. Според граѓаните институциите во кус временски период дале одговор на сите потребни прашања и најважното од сè е дека сите осомничени за случајот на Вања се уапсени а тоа покажува дека во најкратка временска рамка МВР дејствувала и го затворила случајот.
Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.