ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грковска на Светскиот форум за граѓанско општество: Односот кон граѓанскиот сектор е одраз на демократската зрелост на едно општество, без негова вклученост не може да има ефикасна борба против корупцијата

December 11, 2023 10:31
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Граѓанскиот сектор е важен набљудувач на работата на секоја влада и затоа нивната улога е од големо значење за секој демократски систем. Односот на државата, односно на владините институции кон граѓанскиот сектор е одраз на демократската зрелост на едно општество. Ефикасни анти-корупциски мерки можеме да имаме само ако и граѓанскиот сектор е вклучен во нивното креирање, имплементација и контролата на нивното спроведување“, нагласи заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, синоќа на глобалниот Форум за граѓанско општество.Форумот, кој го обедини невладиниот сектор, но и претставници на влади од целиот свет, е во организација на Стејт Департментот на САД и Канцеларијата за дрога и криминал на Обединетите Нации (УНОДЦ), како пред-настан на Конференцијата на земјите потписнички на Конвенцијата на Обединетите Нации за заштита од корупција (УНКАК), во Атланта, САД, која почнува со работа од денеска.

Вицепремиерката Грковска учествуваше на панелот кој беше посветен на заштитата и поддршката на граѓанското општество во напорите за справување со корупцијата.

„Справувањето со корупцијата е предизвик, не само за Северна Македонија, не само за Западен Балкан, туку на глобално ниво. Токму затоа, преку креирање на долгорочни и одржливи политики, со вклученост на сите општествени фактори, особено на граѓанскиот сектор, можеме да постигнеме конкретни резултати“, нагласи вицепремиерката Грковска. Таа додаде дека граѓаните во Северна Македонија покажуваат се помалку толеранција кон корупцијата, што е добар сигнал и уште поголема обврска за надлежните да преземат конкретни чекори за справување со корупцијата.

Таа истакна дека граѓанскиот сектор во Северна Македонија има одлична експертиза, особено во делот на корупцијата во јавните набавки, како и за состојбите во правосудството и тоа е од големо значење за креаторите на политиките и за носителите на одлуки. Но, нагласи таа, многу е важно при креирањето на мерките да се имаат предвид конкретните специфики на државата, на институциите, на општеството. Само на тој начин, нагласи таа, може да имаме ефикасни и добро таргетирани мерки.

Вицепремиерката Грковска го претстави и Форумот на Југоисточна Европа на жени лидерки за добро владеење и анти-корупција, кој беше формиран на нејзина иницијатива, а кој претставува платформа за вмрежување на лидерки од регионот кои со својата работа дале значаен придонес во оваа област, но и платформа за поддршка за сите оние кои поради својата бескомпромисност и професионалност биле подложни на непринципиелни напади.

Во своето изглагање, Грковска се осврна и на соработката со младите, како и на кампањата „Зависи од мене и тебе“, што ја реализира нејзиниот Кабинет, а чија главна порака е дека промените во општеството зависат од сите нас.

Покрај вицепремиерката Грковска, на панелот учествуваа и Изабела Кореа, секретар за јавен интегритет на Канцеларијата за генерална контрола од Бразил, Кетакандриана Рафитсон, извршна директорка на Транспаренси Интернешнл, Мадагаскар, како и Пусетсо Морапеди, од Платформата за заштита на укажувачите во Африка.

Денеска, на првиот ден од Конференцијата COSP 10, вицепремиерката Грковска ќе има обраќање на Пленарната сесија на конференцијата.

Next Post
Photo: Kosovo Specialist Chambers/Livestream

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Поранешна функционерка на ОБСЕ сведочи во судењето Тачи и другите; климатските промени, недостатокот на работна сила од емиграцијата ја загрозуваат албанската економија според извештајот на ЕК

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk