При посетата на Факултетот за Безбедност во Скопје, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски им подели дипломи на димпломираните студенти и ѝ честиташе на студентката на генерацијата Ивана Мукоска.
Но Спасовски отиде чекор понатаму, па наместо само честитки и пофалби, реши, најдобрата дипломка да биде веднаш вработена во Министерството за внатрешни работи.
„Не е важно само да биде прогласена за најдобра студентка, важно е да се покаже волјата во овој момент најдобрите да ги придобиеме во институциите. Донесов одлука денеска дека на Ивана нема да и оставиме простор за одмарање, туку таа ќе биде дел од МВР, во Одделот за Европска Унија и меѓународна соработка. Честитки“ рече Спасовски во обраќањето.