ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Тренчевска: Младите сами треба да бидат дел од креирањето на можностите за кариера

December 18, 2023 12:34
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика во рамки на Активноста на УСАИД во заедничка соработка, денес објавиja истражувањето насловено „Младински аспирации за кариера и вештини“. Целта на истражувањето е да се добие реална слика од страна на младите за нивните интереси за градење кариера и вклучување на пазарот на трудот.

На настанот кој што беше организиран со цел промоција на истражувањето се обрати Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и Кристофер Доџ, В.Д. Директор на УСАИД канцеларијата за економски развој.

Министерката на почетокот од своето обраќање ја истакна важноста на соработката на Министерството за труд и социјална политика и УСАИД и посочи дека истражувањето „Младински аспирации за кариера и вештини“ е плод на заедничките заложби за подобри услови за младите во нашата земја.

„Особено ме радува тоа што истражувањето кое ќе се презентира денес е всушност плод на неколкумесечната работа токму на млади истражувачи, анкетари и фасилитатори на фокус групи, токму на крајот на годината кога се пребројуваат научените лекции од оваа што изминува, и се креираа насоките за следната“ истакна Тренчевска.

Таа истакна дека истражувањето треба да даде јасна слика за тоа кои професии ги привлекуваат младите и зошто, кои се нивните очекувања од работните позиции и кои вештини сметаат дека им се потребни за да бидат конкурентни на пазарот на трудот.

„Поконкретно, новиот Оперативен план за 2024 година ќе го креираме токму според добиените резултати и потребите на младите, а ќе работиме заедно со младите и на поголема промоција за младите да бидат информирани за можностите кои им стојат на располагање.

Во оваа прилика би сакала да ги охрабрам младите да ги користат мерките и услугите кои се нудат во рамки на Оперативниот план за активни мерки и програми. Како и до сега, во планот ќе бидат опфатени различни видови мерки и услуги, без оглед на тоа дали станува збор за вработување или самовработување, практикантска работа или пак обуки “ рече Тренчевска.

На крајот од обраќањето министерката истакна дека како Министерство за труд и социјална политика продолжува да биде во постојан контакт со младите и да биде главниот слушател на нивните барања. Според неа целта на овие постапки е промовирање на благосостојбата на младите, поддршка во одржување на нивното менталното здравје, но и охрабрување да ги реализираат своите соништа преку активација на пазарот на труд и поголема општествена вклученост.

Tags: кариерамладитеТренчевска
Next Post

Османи: Неодговорни политичари ризикуваат да ни се повтори грешката од Букурешт 2008 година

Shortcut

Најново

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk