ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) „Полиграф“: Кои портали објавија дезинформации од портпаролката на руското МНР Захарова?

December 19, 2023 14:55
in PMD, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС

Делови од интервју на портпаролката на руското МНР Захарова во кои има дезинформации беа пренесени од портали во земјава, без да се изврши проверка на факти.

На 09.12.2023 порталот „МКД Пресс ЕУ“ објави текст со наслов „Захарова: Нема да дозволиме нацистичка држава во наша близина“, во кој е содржана следната изјава: „Нема да дозволиме во близина на нашите граници да постои агресивна нацистичка држава, од чија територија може да има опасност за Русија и соседните земји“.

Изјавата е содржана и во насловот на порталот Infomax.mk: „Москва: Русија нема да дозволи „нацистичка држава“ на нејзината граница“, со таа разлика што изразот „нацистичка држава“ е ставен во наводници.

Јасно дека оваа изјава се однесува на Украина, затоа што Захарова продолжува да зборува за „нејзината демилитаризација и денацификација“, а тврди и дека „Киев мора да ги прекине непријателствата и да ги повлече своите војници од руска територија“.

Но, Украина не е никаква „агресивна нацистичка држава“, туку демократска земја. Во сите релевантни индекси за демократија и слобода, Украина е подобро оценувана од Русија. На пример, во индексот на „Слобода во светот 2023“ Русија е оценета како неслободна земја, а во Индексот на демократија на Економист како „авторитарен режим“, додека Украина е подобро оценета, како хибриден режим.

Освен тоа, изјавите дека Украина е „нацистичка држава“ и дека Русија спроведувала „денацификација“ се дел од главниот лажен наратив со дезинформации на Кремљ, кој се користи за оправдување на инвазијата врз Украина. Овие лажни наративи се разоткриени повеќе пати од проверувачите на факти ширум светот, кои ги побиваа тезите дека Украина е „нацистичка држава“ и дека Русија спроведува нејзина „денацификација“.

И демократски избраниот претседател на Украина, Володимир Зеленски, чиј дедо бил Евреин, реагираше на лажните тврдења на Путин за „денацификација“ кога почна инвазијата врз Украина: „Како би можел јас да бидам нацист?“ .

Трето, и руското тврдење дека Украина била агресивна, и барањето Киев да „ги повлече своите војници од руска територија“ не се засновани на факти. Русија е таа што започна агресија и окупираше територии на Украина, поради што беше осудена и со резолуција на Генералното собрание на ОН со 141 спрема 5.

Накусо, сите споменати тврдења на Захарова може да се оценат како дезинформации. Медиумите не треба некритички да пренесуваат изјави на руски пропагандисти како Захарова, затоа што со тоа стануваат канали на руска пропаганда со дезинформации.

Преземено: СМК

Next Post

Меџити: Пренамена на буџетски средства од Министерството за здравство на општина Илинден за реконструкција на амбуланта Илинден

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk