ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Карбонаирес и Република Северна Македонија почнуваат ново партнерство за градење на цврсти волонтерски пазари на јаглерод

December 27, 2023 16:25
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

27 декември 2023 – Компанијата за управување со резерви на јаглерод Карбонаирес со седиште во Лондон потпиша Меморандум за разбирање со Република Северна Македонија во форма на револуционерно јавно – приватно партнерство за изградба на цврсти волонтерски пазари на јаглерод (ВПЈ) во земјата.

Овој важен договор означува значаен чекор напред кон справувањето со климатските промени, не само во Северна Македонија, туку се наметнува и како потенцијален модел за другите регионални и меѓународни подрачја. Со ова иновативно јавно-приватно партнерство се воспоставува потенцијален преседан на светската сцена, носејќи нов модел за ефективна соработка меѓу владите и приватните субјекти во изградбата на цврсти Волонтерски пазари на јаглерод.

Во постигнувањето на ваквиот важен договор преку преговори што траеја една година, во голема мера помогна и Есер Џевахир, член на одборот на Џевахир Холдинг и почесен конзул на Северна Македонија во Турција.

Договорот се фокусира на две клучни цели и тоа да се воспостави цврста регулаторна работна рамка за ВПЈ и спроведување на ВПЈ проект со висок интегритет во Македонија. Двете страни ќе соработуваат во анализата и зајакнувањето на постоечката правна работна рамка која ја спроведуваат ВПЈ, изградена според националното законодавство и стратегиите за климатски промени. Со тоа ќе се обезбеди поголема транспарентност и усогласување со најдобрите меѓународни практики и ќе постават највисоки стандарди за интегритетна сопствените ВПЈ на земјата. Во консултација со Владата, избраниот проект
може да содржи иницијативи за отстранување на јаглеродот од воздухот, како на пример преку пошумување, производство на биочар или засилено заробување на јаглеродот и негово складирање во карпи. Сите иницијативи се со цел да се генерираат јаглеродни неутрализатори со висок квалитет и висок интегритет.

Непосредното активирање на Меморандумот ја потенцира посветеноста на двете страни за постигнување брз напредок во временска рамка во рок од една година, воспоставена за заедничко изработување и имплементирање на договорените активности. Во таа насока е и обраќањето на Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, според кого развојот на волонтерски пазари на јаглерод ја отсликува посветеноста на Северна Македонија во постигнување на јаглеродна неутралност.

„Ова партнерство е значаен чекор во процесот на декарбонизација на нашата нација. Република Северна Македонија верува дека јавните приватни партнерства се клучот за отворање на Волонтерски пазар на јаглерод, преку нашата соработка со Карбонаирес. Ваквото дејствување обезбедува нови работни места и подобар квалитет на воздухот на краткорочен и долгорочен план. Се работи за лидерство и политичка спремност да се зграпчи зелената економска иднина на регионално и меѓународно ниво. Сите имаме обврска да управуваме со природните ресурси на нашата земја за идните генерации. Мора да имаме доволно храброст да преземеме вакви чекори сега, а не на некој иден датум, кој може да биде и предоцна“ порача Битиќи.

Со ова партнерство, Карбонаирес ќе го прошири својот глобален опсег и ќе изгради подобро регионално искуство преку понатамошно зајакнување на својата позиција како водич во Волонтерски пазари на јаглерод. Задоволство од постигнатиот договор искажа и Есер Џевахир, почесен конзул на Северна Македонија во Турција.

„Среќни сме што стануваме партнери со Карбонаирес во оваа револуционерна иницијатива. Веруваме дека ова јавно приватно партнерство има потенцијал не само да го води патувањето кон јаглеродна неутралност во Република Северна Македонија, туку и да го поплочи патот за трансформирачки пристап во изградбата на Волонтерски пазари на јаглерод на регионално и глобално ниво“ посочи Џевахир.

За Расих Озтуркмен, извршен директор и основач на Карбонаирес оваа соработка е клучен момент во мисијата на компанијата да поттикне ефективна климатска акција преку робусни Волонтерски пазари на јаглерод регионално и меѓународно.

Next Post

Пуштен во употреба реконструираниот затворен пливачки базен во Струга

Shortcut

Најново

„Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

June 5, 2026

Преполна сала и огромни пофалби за премиерата на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на фестивалот „Трибека“ во Њујорк

June 5, 2026

(ВИДЕО) Архангел ја враќа суровата магија – „Дни оловни“ – песна со возвишен рок сензибилитет

June 5, 2026

Мицкоски од Самитот во Тиват: Градиме пријателства и отвораме врати со Макрон и Мерц за европската иднина

June 5, 2026

СДСМ: Пораките од Кошта и извештајот на Вајц ги разобличија лагите на Мицкоски за ЕУ и реформите

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја има третата власт на speed dial

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk