Пред зградата на Републичката изборна комисија во Белград се одржува 11-тиот протест поради изборни нерегуларности. Претставниците на коалицијата „Србија против насилството“, Драган Ѓилас и Здравко Понош, претходно изјавија дека во Белград не треба да се доделат мандатите бидејќи изборите биле брутално украдени.
Генералниот секретар на Демократската партија (ДС), Душан Костадиновиќ изјави дека постојат силни индиции дека власта организирано „во суштина манипулирала со изборната волја на граѓаните“. Тој нагласи дека опозицијата не ги признава изборите и бара нивно поништување.
Софија Мандиќ, член на градската изборна комисија во име на списокот „Србија против насилство“ денеска најави дека утре до обвинителството во Белград ќе поднесе пријави за „фантомски гласачи“, односно лица кои фиктивно се запишани како гласачите на изборите во Белград.