ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЦИВИЛ порачува: ПРОСЛАВЕТЕ БЕЗБЕДНО! Петардите и славеничкото пукање се опасни по животот и здравјето!

December 29, 2023 13:49
in PMD, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на новогодишните и празници, ЦИВИЛ упатува апел до сите граѓанки и граѓани во земјата да прославуваат безбедно, без употреба на распрскувачки материјали и оружје.

ПРОСЛАВЕТЕ БЕЗБЕДНО!

ЦИВИЛ  потсетува дека славеничкото пукање е забрането со закон и е опасно по животот и здравјето. Бројни се примерите на трагични завршетоци на прослави и веселби кога заскитан куршум убил или повредил случаен минувач или учесник на прославата.

Распрскувачките материјали и петардите се опасни по здравјето и животот. Во еден прирачник на ЦИВИЛ за едукација на деца и млади за безбедно однесување се вели:

„Петардите и распрскувачките материјали, како и оружјето, се опасни и често предизвикуваат трагедии дури и во редовите на професионалци на кои во описот на работното место им е ракување со експлозиви и оружје.“

Децата се најчести жртви на трауми, повреди, па и трагедии, поради несовесното ракување и злоупотребата на оружјето и распрскувачките материјали.

Кога несовесни лица го злоупотребуваат оружјето за славеничко пукање, одговорните родители треба да им кажат три едноставни безбедносни правила на своите деца:

  • да се оддалечат од местото на славеничко пукање,
  • да не допираат оружје или експлозиви и
  • да пријават незаконска употреба на оружјето.

Овие безбедносни правила, се разбира, важат и за возрасните.

ЦИВИЛ потсетува дека домашните миленици се посебно сензибилни на звуците од распрскувачките материјали и петардите. Особено кучињата, кои често се обидуваат да побегнат кога се исплашени од  петардите, може да се повредат, а често и да има фатални последици. Многу од овие животни може да завршат неколку километри од дома, бегајќи од страв.

ЦИВИЛ и оваа година се придружува кон повикот на МВР да не се употребуваат петарди и други пиротехнички средства неовластено и ги повикува граѓанките и граѓаните да го пријават несовесното и противзаконско однесување.

Исто така, ЦИВИЛ потсетува дека употребата на пиротехнички средства, вклучително и огнометите кои на новогодишната ноќ ќе бидат „задолжителен“ декор на ноќното небо, дополнително придонесуваат до аерозагадувањето.

ЦИВИЛ ги поздравува и превентивните активности на МВР преку кампањата „Петарди НЕ – безбедност пред СЀ”, кои ги посетија училштата во повеќе општини низ државата и преку едукативни и информативни разговори ги запознаваа учениците со забраната за користење на пиротехнички средства.

#СлаветеБезбедно

ЦИВИЛ 

Извор:Цивил Медиа


ТРИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРАВИЛ НА ЦИВИЛ: 

  • ОДДАЛЕЧИ СЕ од местото на славеничко пукање

  • НЕ ДОПИРАЈ оружје или експлозиви

  • ПРИЈАВИ незаконска употреба на оружје

Next Post

Ковачевски: На грчката компанија останува да одлучи дали ќе го потпише договорот за „Чебрен“

Најново

Фото: Фб страница на Зоран Љутков

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

April 22, 2026
Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

April 22, 2026
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

Украински дронови ја нападнале руската нафтена рафинерија Сизрањ

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk