ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шукова: Секоја година издвојувавме од 20 до 30 милиони денари за чистење на дивите депонии, кои за неколку месеци повторно стануваа диви депонии

January 3, 2024 15:27
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Дивите депонии ги чистевме десетина години наназад, секоја година издвојувавме од 20 до 30 милиони денари за чистење на дивите депонии, кои во наредните неколку месеци повторно стануваа диви депонии, посочи министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова на денешната прес-конференција.

Државата одлучи дека нема веќе да ги финансира таквите проекти, додаде Шукова, бидејќи како што рече, непотребно се користат средствата на граѓаните за нешто што не е одржливо.

-Чистиме на 10 до 15 локации согласно приоритетите на општините и за неколку месеци тие локации повторно се полнат со ѓубре, рече Шукова и додаде дека иако тоа е надлежност на општините, државата помагаше при чистењето на дивите депонии.

Проблемот со отпадот го имаме со повозрасните, вели Шукова во одговор на новинарско прашање за имплементација на едукативна програма во образовниот процес и додава дека децата се тие што најмалку прават отпад и најчесто ги потсетуваат повозрасните дека не треба да прават отпад. Посочи дека мора да се зајакне контролата и граѓаните мора да сфатат дека ѓубрето го правиме сами.

-Се надевам дека до крајот на овој месец ќе успееме да го распишеме тендерот за Свети Николе и дека во 2025 година ќе може да оперира регионалната депонија во Свети Николе.Тој тендер ќе има два лота едниот ќе биде изградба на претоварни станици, тие се неколку, пет или шест, и вториот лот ќе биде за централната депонија, така да паралелно ќе одиме со двата процеса, рече Шукова.

Додаде дека во тие два региона отпочнат е процесот на затворање на помалите општински депонии кои што не се стандардни. Дел од помалите општини, вели Шукова, веќе го насочуваат својот отпад кон поголемите депониии. Постепено како ќе се гради централната депонија, така ќе се продолжи со процесот на затворање на нестандардните депонии во тие два региона.

-Целото финансиско сценарио во тие два региона е повеќе од 40 милиони евра. Отприлика толку ќе треба и за другите региони. Значи ќе комбинираме два по два, бидејќи видовме дека е економски неисплатливо секоја општина да има своја депонија, затоа ги комбинираме по два. Таму системите ќе ги контролираат регионални тела, вели Шукова.

Интенцијата на државата во моментот е да воспостави основна инфраструктура по европски стандарди за управување со отпад, вели Шукова, бидејќи како што рече, тоа го немаме во моментот.

Tags: диви депониирегионални депонииШукова
Next Post
Фото: Суспилне

Лидерите на ОБСЕ го осудија рускиот ракетен терор врз Украина

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk