Двата пожари во Сопиште и во Арачиново се ставени под контрола, потврди за 360 Степени, командирот на противпожарната бригада Владимир Симоновски. Како што информираше тој, горела нискостеблеста шума, трска, сува трева.
„Пожарот во Арачиново е изгаснат, додека пак пожарот во Сопиште е под контрола, но проценките се дека за брзо ќе биде целосно изгаснат и тој“, изјави Симоновски.
Тој додаде дека денешниот ветер придонел за ширење на пожарите, но пожарникарската служба навреме ги спречила. Пожарникарски екипи се сè уште на терен.