ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Лукаревска: Поради законска забрана од 2006 година не можеме да ги соопштиме имињата на даночните измамници

January 15, 2024 21:34
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Даночна тајна“  е во Законот за даночна постапка уште од 2006 година.  И многупати недисциплираните, злосторничките здруженија и бизнис функционирањето меѓу компаниите не можеме да го објавиме поради обврската по овој закон.  Листата на должници исто така е предвидена во законот за даночна постапка, дека можеме да ги објавуваме износите кои што ги должат должниците и нивните имиња. Транспарентноста според оваа „даночна тајна“ е ограничена,“ рече директорката на Управата за јавни работи и заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во Топ Тема на ТВ Телма.

Таа информираше дека за случаите со трите компании не станува збор за големи компании туку за мали и средни. Додека добавувачите се големи и средни компании.

„Паралелно на оваа листа на должници од коморите имаше барање за бела листа на плаќачи, и би било навистина одлично да ги видиме и најдисциплираните, оние кои најмногу допринесуваат на приходната страна на буџетот, рече Лукаревска.

Лукаревска истакна дека без лиценца, складишен простор за чување на нафта и без бензиска пумпа три компании се обиделе да го изиграат даночниот систем.

„Ние детектиравме еден од овие три случаеви, и од таму почнува да се шири цела оваа мрежа и шема која истовремено сме ја исконтролирале со тоа што од една страна ги имаме даночните обврзници , а од друга страна добавувачите и навремено сме ги известиле истражните органи за да продолжат да постапуваат во својот домен. Значи МВР, Јавно обвинителство и финансовата полиција,“ рече Лукаревска.

Таа појасни дека  станува збор за три компании.

„Првиот  и третиот случај имаат соодветна поврзаност преку соодветен ист сопственик, односно имаат ист основач. Првиот и третиот случај имаат ист сметководител кој што работел исклучиво само за овие два даночни обврзника. Кај втората компанија е интересно што нејзината  дејност се менува по извесен период, а со промена на дејноста е недостапна за првиот и третиот случај за да ја внесат во таа шема. Нема нити лиценца, ниту складишен простор за чување на нафта, ги нема основните  потреби кои што треба да ги има  една нафтена компанија за да се занимава со оваа дејност,“ рече Лукаревска.

Таа посочи дека и при увидот не е констатирано и дека постои  бензиска пумпа воопшто.  Како и дека тоа значи дека не само што го  изиграле делот на даночно работење туку ги изиграле сите правила и закони кои што треба да ги исполнуваат сите нафтени компании за да ја вршат оваа дејност.

Д. Е.

Поврзано:

Лукаревска: Јавноста ќе слушне за мрежата на нафтени компании кои сакале да го изиграат системот и да испумпаат пари од буџетот

Tags: Сања ЛукаревскаУЈП
Next Post

Швајцарија се согласи да биде домаќин на мировен самит за Украина

Shortcut

Најново

Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

June 7, 2026

Александар Зверев го скрши проклетството: Конечно Грен слем шампион со триумф на Ролан Гарос!

June 7, 2026

32 Конгрес на СДСМ: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

June 7, 2026

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид

June 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk