ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Го заштитуваме ликовното богатство на доајенот Личеноски, кое е трајно наследство за идните генерации

January 17, 2024 15:11
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и шефот на Делегацијата на Европската Унија во нашата држава, Дејвид Гир, денеска го посетија Националниот конзерваторски центар каде што се одвива процесот на конзервација и реставрација на ликовните дела од еден од основоположниците на македонската современа уметност, Лазар Личеноски. Делата се дел од легатот на семејството Личеноски на Националната галерија на С Македонија.

„Го заштитуваме вредното ликовно богатство старо и повеќе од еден век, оставајќи го во наследство на идните генерации. Со конзервацијата и реставрацијата на делата што го сочинуваат легатот на еден од најважните основоположници на македонската современа ликовна уметност, Лазар Личеноски, обезбедуваме долговечност на највредното од македонската култура“, вели министерката за култура Костадиновска-Стојчевска.

Стручните екипи од Централната лабораторија на НКЦ и на Националната галерија информираа дека минатата година се конзервирани и реставрирани 12 дела од богатата колекција од оставината на Личеноски, која се состои од 122 вредни слики, цртежи и акварели.

Посветените професионалци, конзерватори, реставратори, историчари на уметноста продолжуваат со своите активности и годинава и со поддршка од Министерството за култура и до крајот на јуни треба да се заштитат уште 13 уметнички дела од овој наш исклучителен автор.

„Министерството за култура, преку надлежните установи од областа на културата, преку синхронизирани професионални активности, се посвети на реставрацијата и конзервацијата на Куќата на Личеноски, со сите збирки што се во неа. Сите професионалци продолжуваат доследно да го обновуваат фондот на големиот сликар и да го реализираат овој проект, со што на новите генерации и на туристите ќе им се овозможи автентично да го доживеат амбиентот во која живеел и творел доајенот на македонската уметност, Лазар Личеноски“, потенцираше Костадиновска-Стојчевска.

Во изминатиов период, целосно е заштитено мозаичното културно наследство во Спомен-куќата на Личеноски, а екипи на Националната галерија минатата година го конзервираа и реставрираа етнолошкиот материјал од објектот. Исто така, завршени се дел од активностите од основниот проект за санација на куќата и нејзино адаптирање во Спомен-куќа „Музеј Лазар Личеноски“, што е во надлежност на Конзерваторскиот центар – Скопје. Саниран е системот за водоводна и одводна мрежа, изведена е и фазата електрика, а дополнително, ќе се пристапи кон изведба на дренажениот канал, санација и консолидација на архитектурата.

Министерката за култура упати благодарност до евроамбасадорот Гир и до Делегацијата на Европската Унија во нашата земја за поддршката на стручниот и на логистистички план и за решавање на идните предизвици во креирањето на уште многу вакви приказни, по примерот на Куќата на Личеноски.

Куќата на Лазар Личеноски, еден од втемелувачите на современата македонска уметност, е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење, со владината одлука од 2017 година.

 

Tags: Бисера Костадиновска СтојчевскаЛазар Личеноски
Next Post

Принцезата од Велс во болница, имала операција на абдоменот

Shortcut

Најново

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk