ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почнува реализацијата на новите системи за наводнување кои ќе опфатат 13 000 хектари земјоделско земјиште

January 18, 2024 13:15
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Почнува реализацијата на четирите нови системи за наводнување, Страиште, Лисиче, Конско и Пепелиште, со кои ќе бидат опфатени 13 000 хектари земјоделско земјиште. Инвестицијата вредна над 100 милиони евра, ќе се реализира преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Седумдесет отсто од средствата се поддршка од германската КФВ банка, 80 милиони евра заем и 2,8 милиони евра грант за поддршка на земјоделците и земјоделските задруги во областите опфатени со хидросистемите, додека останатите 30 проценти се од државниот буџет.

Како што истакнаа премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство Љупчо Николовски пред денешното потпишување на Договорот со меѓународната консултантска компанија „Consulting engineers Salzgitter“ (ЦЕС), четирите нови системи се дел од Програмата за наводнување на Северна Македонија и се протегаат по сливот на реката Вардар. Хидросистемот Лисиче ги опфаќа земјоделците од Велес и Чашка и обезбедува наводнување за 3 650 хекатри, системот Пепелиште опфаќа 3 000 хектари во Неготино и Демир Капија, Страиште  1 500 хекатри во Валандово и најголемиот, Конско, опфаќа 5 500 хектари на подрачјето на општините Гевгелија, Богданци и Дојран.

-Реализацијата на оваа Програма е во линија на нашите заложби за создавање модерно земјоделство, по европски терк, со што ги решаваме децениските проблеми на нашите земјоделци. Активностите предвидуваат изградба, рехабилитација и проширување на четири системи за наводнување и изградба на мали хидроцентрали на Лисиче и Конско. Овие системи ќе го зголемат хидропотенцијалот и обемот на земјходелското производство, но ќе ги намалат и економнските загуби, рече Ковачевски.

Како што напомена Николовски, наводнувањето е еден од основните столбови на владините политки.

-Ова е досега историски најголема Програма или најголема капитална инвестиција во водоснабдувањето во износ кој ќе надмине 100 милиони евра. Четирите системи се дел од Програмата за наводнување на Северна Македонија и се протегаат по сливот на реката Вардар, Постојано работиме на моденизација на системите за наводнување, градејќи нови и реконструираји ги постоечките, рече Николовски.

Германската амбасадорка петра Дрекслер укажа на важноста од борбата со климатските промени.

Договорот потпишан со консултантската компанија „тежи“ 9,1 милиони евра и предвидува изготвување главни проекти за иградба на четирите системи, подготовка на документација, распишување постапка за изградба, надзор и имплементација. Физибилити студиите се веќе изговени, а направена е и проценка на еколошкото влијание на системите.

Tags: земјоделско земјиштенаводнување
Next Post

Амбасадорката Дир: Зајакнувањето на украинската воздушна одбрана е од исклучителна важност за операциите на фронтот

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk