Мисијата на ОБСЕ-ОДИХР ке ги наблудува изборите на 12 април со 250 краткорочни наблудувачи. Тана де Зулуета, шеф на мисијата, кажа дека изборите ќе ги набљудува и една делегација на Европскиот Парламент.
Коментирајќи ги измените на изборниот законик, таа рече дека тие се по препораки на мисијата на ОДИХР, но сè уште е рано за да дадат оцени, затоа што треба да се причека на нивно спроведување. Зулуета на денешниот прес изјави дека лажните вести ке бидат сериозен предизвик на овие парламентарни избори. ОБСЕ-ОДИХР ќе ги набљудува и социјалните медиуми и додаде дека разликата меѓу пропаганда и лажни вести е многу тенка. Голем придонес за справување со лажните вести шефицата на ОДИХР рече дека можат да дадат медиумите преку фер и објективно известување.
А. Зеќири







