ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

Викендов обилни врнежи од снег, ЦУК со апел за внимателно возење

January 19, 2024 20:31
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Фото: А. Ѓорѓиоска / Фронтлајн

Фото: А. Ѓорѓиоска / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Центарот за управување со кризи (ЦУК)  по најавите од УХМР викендов за обилни врнежи од снег и студено време со значителен пад на температурите апелира до граѓаните за внимателно управување со возилата поради можна непроодност на патиштата во повисоките предели.

-Граѓаните да патуваат внимателно во текот на утрешниот ден и в недела, ако тоа е неопходно, со доволно гориво во резервоарите, а секако и со соодветна зимска опрема за возилата на повисоките места и планинските превои, бидејќи е можно да се формираат навеви од снег и патните правци во одреден временски период  да бидат непроодни на повисоките делници, наведуваат од ЦУК.

Воедно, до луѓето кои живеат во повисоките места, потсетуваат дека навремено треба да се снабдат со основни намирници (храна и лекови) и се препорачува внимателно движење на граѓаните пеш, бидејќи е можна појава на голомразица.

Според временска прогноза од Управа за хидрометеоролошки работи, во текот на утрешниот ден времето ќе биде облачно и студено со врнежи претежно од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка од над 30 см, а во пониските места од 3 до 10 см. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено покрај Повардарието и температурите значително ќе опаднат, а ќе има и појава на голомразица.

Од ЈП „Македонија пат“, вечерва информираа дека сообраќајот на државните патишта засега се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони поради што апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, наведуваат од јавното претпријатие.

Tags: снегЦУК
Next Post

Загина едно лице на патот Гевгелија-Богданци, во сообраќајката учествувале четири возила

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk