ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Величковски: Поради бојкотот на ВМРО-ДПМНЕ во 1994 Македонија беше изоставена од првиот бран проширување на ЕУ, сега се прави истото

January 24, 2024 12:06
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Први бојкотирани избори во земјава беа во 1994 година од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тие беа опозиција бидејќи во 1990/91 одбија  да прават влада со партии на Албанците, а од 1993 “го бранеше идентитетот” отфрлајќи го референтното име со кое Македонија стана членка на ОН и низ  Времената спогодба ги уреди односите со Грција и излезе од ембарго, пишува Ивон Величковски.

Тој додава дека со тоа ВМРО-ДПМНЕ се исклучи од значајните процеси во земјава, од приватизацијата до фаќањето чекор со Агендата 2000, иако по Кичевскиот  конгрес во 1996 година, ги прифати и ПЈРМ и Времената спогодба и приватизацијата со сите следствени општествени, политички и економски последици, како што се одвојувањето на Македонија од Словенија со што беше изоставена од првиот бран проширување на НАТО и ЕУ и останувањето на Македонија во зоната на „Српскот свет“ на Милошевиќ, поради што се случи 2001.

„Северна Македонија дури по 20 години излезе од трауматичниот застој. Со силни (домашни, регионални, континентални и меѓународни) напори низ Рамковниот договор, Тиранската платформа, Софискиот и Преспанскиот договор. Со нив дојде до посакуваното: граѓанска држава каде Македонците ја остваруваат својата конститутивност во земја – членка на НАТО, со уште една цел: полноправно членство во ЕУ“ пишува Величковски.

Тој додава дека денес ВМРО-ДПМНЕ во основа одбива да гласа за премиер на техничка влада – Албанец и пак го „брани идентитетот“ отфрлајќи го (Протоколот по) Софискиот договор со кој Северна Македонија треба да почне преговори за членство во ЕУ.

„Препознавајќи ги сличностите на обидот  Северна Македонија да остане во туѓа зона на (анти-западно влијание) корисно е да се потсети и дека ВМРО-ДПМНЕ на 27 април 2017 проба да спречи политичко мнозинство според волјата на граѓаните за европски и евроатлантски правец на државата. Тој вид мнозинство е спротивен на концептот на двопартиска кохабитација низ окупација на етничката претставеност. Спречувањето злоупотреба на државни ресурси во партиски цели беше причината за воспоставување на концептот на техничка влада пред избори“ пишува Величковски.

Тој додава дека со одбивањето да учествуваат и да гласаат за оваа техничка влада, не може да се толкува поинаку од обично оставање простор повторно етно-партиски да оспорат изборен исход од значење за нацијата – политичко  мнозинство што ќе ги отвори европските преговори низ изгласување на потребните уставни дополнувања.

„Резимирано: ВМРО-ДПМНЕ може да не гласа за Талат Џафери за премиер. Но пратениците таму треба да размислат дали политиката во ПЈРМ (1994) и во натовска Северна Македонија (2024) може да се води на ист начин и на исти премиси“ заклучува Величковски.

Tags: ЕУИвон величковски
Next Post

(ВО ЖИВО) Изјава за медиуми на министерката за одбрана Петровска

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk