ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери: Од моментот кога ќе настапат моите надлежности ќе постапувам согласно прописите

-Информиран сум за она што ќе се случува затоа што сум дел од тие планирања за спроведување на техничката влада. Претседалот на собранието е координатор меѓу властите. Имавме соодветна координација со премиерот за да усогласиме термини, рокови, постапки кои што треба да се спроведат. Постапките ќе следат една по друга. Ќе постапувам согласно прописите од моментот кога ќе настапат моите надлежности, вели Џафери.

January 24, 2024 21:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ќе постапувам согласно прописите од моментот кога ќе настапат моите надлежности, истакнува претседателот на Собранието Талат Џафери, кој утре треба да поднесе оставка и да биде мандатар на техничката влада што треба да биде избрана в недела.

Во гостување во поткасотот „Политиканти“ на „Слободен печат“ Џафери рече дека според роковникот в недела треба да се заврши целата постапка за техничка влада согласно Законот за Влада, согласно Уставот и Пржинскиот договор.

-Информиран сум за она што ќе се случува затоа што сум дел од тие планирања за спроведување на техничката влада. Претседалот на собранието е координатор меѓу властите. Имавме соодветна координација со премиерот за да усогласиме термини, рокови, постапки кои што треба да се спроведат. Постапките ќе следат една по друга. Ќе постапувам согласно прописите од моментот кога ќе настапат моите надлежности, вели Џафери.

Прашан дали ќе му пречи доколку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаат за новата техничка влада тој одговори дека по дефиниција пратеникот е слободен во волјата и во одлучувањето. Посочува дека нема да биде првпат да гласаат или да не гласаат.

-Во два мандати сум избран претседател на Собранието. Не менувало ништо во односите наши тоа што гласале или не гласале. Ако се раководиме по таа логика тогаш би требало да ни пречи и фактот кој граѓанин како гласал на избори па да „ловиме во матно“, посочи Џафери.

Потсетува дека техничката влада е воспоставена со Договорот од Пржино и таму е дефинирано дека од изборите во 2016 и последователно кои и да се избори во иднина предвремени и редовни ќе се применува принципот привремена техничка влада за да се обезбеди прифатливост на изборниот процес, да биде усогласено учеството на сите во подготовката и спроведување на изборите.

-Во тој контекст дилемата да или не понатаму е работа којашто треба да се реши и можело да се реши на почетокот на овој или наредниот мандат, вели Џафери

Next Post

Лукаровска: Политички парадокс е да се предложат министри, а да не се гласа за техничката влада

Shortcut

Најново

СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

August 19, 2026
Фото извор: UNHCR

ЦИВИЛ: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026

Кои се придобивките од работата од дома?

August 18, 2026

34 Години Армија на Република Северна Македонија: Традиција, чест и колективна безбедност

August 18, 2026
Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk