Првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби потврди дека на негово место, прв вицепремиер во преодната влада ќе биде вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, пренесува МИА.
Како што прв објави „Фронтлајн“ на 11 декември 2023 година – СДСМ ќе ја преземе функцијата прв вицепремиер во техничката Влада.
Високи партиски извори од СДСМ претходно денеска за „Фронтлајн“, потврдија дека оваа функција ќе им припадне и дека ќе ја води актуелниот вицепремиер за европски прашања, Бојан Маричиќ.
-На предлог на Социјалдемократскиот сојуз мојот драг колега Маричиќ ќе биде прв заменик на премиерот Талат Џафери, што е и логично впрочем затоа што тоа е концептот – првиот заменик премиер да биде од коалицискиот партнер. Ако премиерот е од ДУИ првиот заменик да биде од СДСМ, ако премиерот е од СДСМ, првиот заменик да биде од ДУИ. Убеден сум дека ќе ја изврши работата доследно рече Груби, на новинарско прашање при учество на настан за завршување на обновата на патот Скопје-ГП „Блаце“.
Поврзано: