ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ со прв вицепремиер и претседател на Собрание, ДУИ со технички премиер, ВМРО сè уште игра „топло-ладно“!

December 11, 2023 10:05
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На 28 јануари се очекува да се гласа за техничката влада со премиер Талат Џафери, а функцијата претседател на Собранието ќе ја преземе координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски. Гласањето за нов претседател на Собранието се очекува да се одржи по новогодишните и божиќни празници, кон средината на јануари.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период ќе одлучува дали ќе учествува во техничката Влада. Но, партиски извори за „Фронтлајн“ велат дека Христијан Мицкоски со договорот за двојни парламентарни и претседателски избори на последната лидерска средба по автоматизам, се согласил да учествува и во техничката Влада.

Од друга страна, политичките партии работат на екипирање на техничката влада, изготвување изборни програми, предлагање кандидати за претседател и избор на нивните кадри за листите за пратеници за изборите на 24 април и 8 мај 2024 година.

– Персоналните решенија ќе зависат од предлозите на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, но гледаме дека и т.н етничко албанска опозиција на Касами, Меџити и Гаши бара да партиципира во таа техничка влада со свои кадровски решенија. Тоа ќе биде одраз на политички договор,во кој ќе треба да се вкалкулира и испразнетото место во ДИК за кое не отстапувааат ни владејачката Алијанса за Албанците, ниту опозициската БЕСА. Наскоро кон крајот на јануари ќе ја видиме разврската околу овие кадровски решенија, изјави за „Фронтлајн“, Благојче Атанасоски.

Политичкиот аналитичар Сулејман Мехази вели дека идната техничка влада на чело со Талат Џафер ќе биде предизборна влада без никакви функции, позицијата на Талат Џафер на чело на техничката влада е само Али Ахмет да се оправда дека изборите „ветувања” – „За Албанец премиер” од претходните четири години се исполнува.

– Техничката фасадна влада на Талат Џафери без никаков дух на дејствување ќе се создаде само со една цел, да ги измами граѓаните Албанци од ДУИ дека е исполнето „ветувањето“ за премиер Албанец и дека во последните три месеци до следните избори влада ќе биде „албанска“, овие измами на ДУИ не пијат вода, бидејќи се знае улогата на техничките влади. Али Ахмет е голем мајстор за политички манипулации. Пред четири години го внесе во игра Насер Зибери како „албански премиер“, во понижувачка политичка игра го внесе и Талат Џафери како премиер на кварталниот пред- изборен моратон, изјави Мехази за „Фронтлајн“.

Партиски извори на ДУИ за „Фронтлајн“ велат дека ДУИ најверојатно ќе ја препушти функцијата прв вицепремиер на СДСМ. Според партиските извори се очекува на таа функсција да се назначи сегашниот директор на Службата за општи и заеднички работи во Владата, Пеце Мирчевски.

Преодната Влада се избира сто дена пред изборите. Според Законот за Владата најпрво оставка поднесува актуелниот премиер која Собранието треба да ја констатира. Тоа значи оставка и на целата Влада. Претседателот на државата му го доверува мандатот на кандидатот за преоден премиер за составување на кабинетот. Владата ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Во преодната влада министер за внатрешни работи и министер за труд и социјална политика предлага опозициската партија со најголем број пратеници (ВМРО-ДПМНЕ). На предлог на премиерот Собранието именува дополнителни заменици на министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика од редовите на власта (СДСМ), но и од опозицијата и тоа во ресорите финансии, земјоделство и информатичко општество и администрација.

Мандатот на преодната Влада трае од изборот, па, се до објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за изборите за пратеници.

Основна задача на преодната влада е организирање фер и демократски парламентарни избори.

Техничкиот министер за внатрешни работи ќе може да изврши најмногу 15 разрешувања или распоредувања, на пониско или повисоко место на носители на раководна позиција во Министерството. Доколку постави нови раководители, тој има должност на предлог на дополнителниот заменик-министер да именува и нивни заменици. Тие двајца имаат врзани потписи. Доколку некој акт е потпишан само од едното лице, тој нема да биде важечки. Министерот има право да ангажира лица за потребите на својот кабинет. Може да врши и хоризонтални распоредувања на вработените.

Ова ќе биде трета преодна Влада во земјата. Првата беше предводена од Емил Димитриев и поради тоа што не можеше да се формира подолго време, тој ја предводеше техничката влада од 18 јануари 2016 до 1 јуни 2017 година. Втората преодна Влада ја предводеше актуелнито министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и тоа од 3 јануари 2020 до 30 август 2020 година.

Четирите тогашни најголеми партии на 2 јуни 2015 година постигнаа договор 100 дена пред наредните парламентарни избори со државата да раководи Влада за спроведување избори. Пржинскиот договор бил потпишан од водачите на четирите најголеми политички партии во тоа време: Зоран Заев – СДСМ, Никола Груевски – ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети – ДУИ и Мендух Тачи – ДПА.

Дестан Јонузи

Поврзано: 

Ковачевски: Нема импровизации за позицијата прв вицепремиер, сè е дефинирано во законот за техничка Влада

Tags: ВМРО-ДПМНЕДУИЈован МитревскиСДСМТалат Џаферитехничка влада
Next Post

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk