ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Земјоделците до Мицотакис: Кажете ни го планот, ако не да станеме келнери или да заминеме за Германија

January 31, 2024 15:36
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Водиме битка за преживување, кажете ни каков е планот, дали постои план да знаеме што ќе правиме или да станеме келнери или да заминеме во Германија, му порача претставникот на земјоделците од областа Воница на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис денеска присуствуваше на свеченост на отворање на нов пат во северозападна Грција, а веднаш потоа ги посети земјоделците од градот Воница, кои како и во многу делови на земјата, имаат поставено блокади со трактори и бараат од Владата да ги исполни нивните барања.

Им порача дека Владата секогаш е отворена да направи сè што е во нејзина можност и на национално и на европско ниво за да се намалат трошоците за производство и за електрична енергија.

– Ниту келнери ќе станете, ниту за Германија ќе заминете. За мене, поддршката на примарниот сектор е прв политички приоритет. Ги знам проблемите, ги знам од прва рака. Исто така знаете дека во овие четири тешки години Владата застана колку што можеш поблиску до земјоделците и со намалување на оданочувањето и со зголемување на поддршката што ја дадовме на Организацијата за земјоделско осигурување. Дадовме над една милијарда евра обесштетување во последните четири години, истакна Мицотакис.

Претставникот на земјоделците го пречека Мицотакис велејќи му „Како успеавте и нѐ извадивте на улица“, на што грчкиот премиер одговори дека го почитува фактот што се на улица, но без да го блокираат сообраќајот и без да создадат проблеми.

На грчкиот премиер му објасни дека земјоделците од Владата бараат итни мерки за поддршка на примарниот сектор и намалување на трошоците за производство и му порача дека „земја без примарен сектор, без силни земјоделци, одржливи домаќинства, веќе нема да се нарекува земја“.

Земјоделците во Грција во различни делови на земјата, најизразено во северниот и централниот од минатата седмица поставија блокади, а меѓу другото, бараат надоместоци поради намаленото производството предизвикано од непогоди и болести; изградба на инфраструктурни проекти за заштита од временските неприлики и намалување на трошоците за производство, но и да и помош за штетата нанесена од невремето на почетокот на септември.

Tags: ГрцијаземјоделциКирјакос Мицотакис
Next Post

Богоев: Градиме цврсти партнерства со македонските компании

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

August 16, 2025

Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија

August 16, 2025

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јулија Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk