Две лица се лишени од слобода во ПС Гостивар откако полицијата денеска, по добиена судска наредба, извршила претрес на дом и други простории кај Е.Ф. (23) во гостиврското село Ломница.
Како што соопшти МВР, при претресот од лицето С.Ф.,татко на Е.Ф., пронајдени и одземени се две автоматски пушки, четири рамки за автоматски пушки, 231 куршум за автоматска пушка и 20 патрони за ловна пушка.
Претресот го извршила Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.
Извршен е службен разговор во кој С.Ф. појаснил дека пронајденото оружје и муниција се негови и по извршеното вештачење, во консултација со Јавниот обвинител од ОЈО Гостивар, ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка, се вели во соопштението од МВР.